Денеска, 8 септември, се навршуваат две години од трагедијата од страотниот пожар кој ја уништи модуларната болница во Тетово, каде животот го загубија 14 лица, пациенти и членови на семејствата. По тој повод, денеска во Тетово ќе има протестен марш, на кој семејствата на загинатите ќе бараат правда за изгубените животи. Се уште нема правда за овој случај, вистинските виновници остануваат на слобода. Впрочем, со измените направени неодамна во Кривичниот законик ќе се намалат казните за злоупотреба на службената положба, пишува Portalb.mk.
Членовите на семејството изразија дека преку овој протест ќе го изразат своето незадоволство поради немањето правда за членовите на нивните семејства. Побараа протестот да не се политизира.
Протестниот марш ќе започне во 14:00 часот со почеток од локацијата каде што беше модуларната болница, ќе продолжи во центарот, а потоа до тетовскиот суд.
Д. Т. / ЦивилМедиа