ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Лидерите на ЕУ упатија сочувство за жртвите од земјотресот во Мароко

Ние, членовите на Европскиот совет, сакаме да го споделиме со вас нашето најискрено сочувство за страшната загуба на животи по страшниот земјотрес. Длабоко сме натажени од разорните последици од овој трагичен настан. Нашите мисли се со сите Мароканци кои загубија членови на своите семејства и пријатели, се наведува во писмото потпишано од шефовите на држави или влади на сите членки на ЕУ и од претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија, Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен.

September 10, 2023 11:40
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европската Унија и нејзините земји членки ви искажуваат целосна солидарност во овој тежок момент, се наведува во писмото што лидерите на ЕУ го упатија до мароканскиот крал Мохамед Шести, изразувајќи сочувство до него и до Владата и народот на Мароко за жртвите од катастрофалниот земјотрес што ноќта меѓу петокот и саботата го погоди централниот дел на земјата.

– Ваше височество, ние, членовите на Европскиот совет, сакаме да го споделиме со вас нашето најискрено сочувство за страшната загуба на животи по страшниот земјотрес. Длабоко сме натажени од разорните последици од овој трагичен настан. Нашите мисли се со сите Мароканци кои загубија членови на своите семејства и пријатели, се наведува во писмото потпишано од шефовите на држави или влади на сите членки на ЕУ и од претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија, Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен.

Членовите на Советот на ЕУ додаваат и дека на сите повредени во земјотресот им посакуваат целосно и брзо закрепнување.

– Како блиски пријатели и партнери на Мароко, ние сме подготвени да помогнеме на кој било начин што ќе го сметате за корисен. Нашите мисли на сочувство продолжуваат да бидат со вас и со вашиот народ, се додава во писмото.

Според последните податоци, во земјотресот загинале најмалку 2.012 лица, а 2.059 се повредни, од кои 1.404 се во критична состојба. Земјотресот се случи на планинскиот венец Висок Атлас во петокот во 23:11 часот по локално време (сабота 11 минути по полноќ по средноевропско време), на длабочина од 18,5 километри и со епицентар во провинцијата Ал Хоуз на 72 километри југозападно од Маракеш.

Извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕУземјотресмароко

НАЈНОВО

Црна дупка. Фото илустрација

Црна дупка, 265 пати помасивна од Сонцето, се создала со спојување на две помали

July 16, 2025

Филипче: Власта ја претвори Македонија во Бејрут – убиства, закани и страв владеат на улиците

July 16, 2025

ХЕРА: 53% од девојчињата и 19% од момчињата на возраст на 15 години имаат депресивно расположение – Молкот не е одговор, сподели и побарај поддршка кога ти е потребно!

July 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мини‑делница, макси‑пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Димитров на Сими Симпозиум: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk