ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Грковска: Обвинителите и судиите да си ја вршат работата независно и непристрасно

September 11, 2023 14:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Правосудниот систем, обвинителите и судиите треба независно и непристрасно да си ја вршат својата работа. Некогаш, за жал, имам впечаток дека обвинителите и судиите се ставаат во поголема улога од политичарите, прават политичка проценка пред да донесат одредена одлука за тајминот на одлуката, за висината на казната, порача денеска вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, коментирајќи ги измените во Кривичниот законик.

Задоволна е од членот од Кривичниот законик што се однесува на проширената конфискација на имот, што е на иницијатива на нејзиниот Кабинет, а за останатите членови изразила резерва уште на седницата на Владата.

Со членот за конфисакцијата на имотот, како што рече, се дава поголема можност на судиите да пресудуваат и тоа да биде една од сериозните мерки кога станува збор за борба против корупцијата и организираниот криминал.

– Според искуството што го земавме од другите држави, најголемиот притисок и најголемата реакција ќе ја почувствуваат тие што го прекршиле законот доколку лично почувствуават дека се засегнати. Кога ќе почувствуваат дека  им се одзема имотот тогаш реално ќе почувствуваат дека навистина губат нешто, особено кога има можност тој имот  да се врати назад кај граѓаните, рече Грковска, која одговараше на новинарски прашања пред почетокот на Јавната расправа за Нацрт-стратегијата за транспарентност на Владата.

За останатите одредби од законот уште на седницата на Владата изразила резерва, бидејќи, како што наведе, сведоци сме на реакциите во јавноста за начинот како ќе се одразат тие членови врз актуелни случаи, меѓутоа и генерално.

– Повторно доаѓаме до прашањето за ефикасноста на правосудниот систем, затоа што со старите решенија ние се доведуваме до ситуација одредени случаи да застарат, особено кога станува збор за политичари, за бизнисмени кои биле или сѐ уште се блиски до власта. Јас веднаш регирав и минатата година, имавме неколку реакции и настани за да најдеме начин како тоа да се превенира. Внимателно ја следам реакцијата на професионалната јавност дека не секогаш висината на казната е најдобриот механизам за изрекување на мерки. И повторно доаѓаме до тоа дека правосудниот систем, обвинителите и судиите треба независно и непристрасно да си ја вршат својата работа. Некогаш, за жал, имам впечаток дека обвинителите и судиите се ставаат во поголема улога од политичарите, прават политичка проценка пред да донесат одредена одлука за тајминот на одлуката, за висината на казната, рече Грковска.

Недопустливо е, дополни,  да има случаи што се чуваат повеќе од девет месеци во фиока.

— Свесни сте дека има случаи што се чуваат повеќе од девет месеци во фиока, што е недопустливо. Се надевам дека ова ќе биде едно освестување за обвинителите и судиите дека треба со интегритет да си ја вршат работата, да не ги интересира за кого станува збор, да пресудуваат исклучиво врз основа на законските одредби, порача Грковска. 

Tags: Грковскасудство
Next Post

Јавното обвинителство ќе бара тројца онколошки пациенти да имаат директен увид во прибраните докази и во преземените дејства во случајот „Онкологија“

НАЈНОВО

Затворање на есенското издание на фестивалот „Перформанс платформа“ со перформансот „CODOMESTICATION“

November 18, 2025
Скриншот

Шефот на „Гугл“ предупредува за „ирационалност“: Ниедна компанија не е имуна ако пукне балонот со вештачката интелигенција

November 18, 2025

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со д-р Благица Петрески: Буџетот за 2026 година е изграден врз нереално високи проекции на приходи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk