ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петровска: Покажавме дека НАТО значи и посилна одбранбена соработка, потпишавме Договор за билатерална соработка во одбраната со Португалија

September 11, 2023 12:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Денеска е важен ден за нашите министерства и за нашата соработка, бидејќи за прв пат потпишавме Договор за билатерална соработка во одбраната помеѓу сојузничките Северна Македонија и Португалија, и со тоа покажавме дека НАТО значи и посилна одбранбена соработка, затоа што имаме заедничка, единствена цел, изјави министерката за одбрана, Славјанка Петровска, на денешната прес-конференција по потпишувањето на договоротсо министерката за одбрана на Португалија, Марија Хелена Кареирас, којашто е во прва официјална посета на земјава.

Петровска додаде дека за заедничко добро и развој на двете вооружени сили, ќе се посветат на интензивна соработка и консултации во доменот на безбедносната политика, мировните операции, заедничката обука и едукација, а ќе се работи и на заштитата на животната средина во контекст на армиските активности.

Министерката за одбрана на Португалија, Марија Хелена Кареирас, изјави дека како партнери во Алијансата, цврсто верува дека заедничките цели во безбедноста и одбраната можат да се постигнат само преку зајакнување на сојузите, идеја, како што посочи, што денеска беше реафирмирана со потпишувањето на Договорот за одбранбена соработка меѓу нашите земји.

Овој договор ќе послужи како камен-темелник за развојот на нашите односи. Би сакала да истакнам некои области на соработка што имаме намера да ги развиеме, како што споменавте, вклучувајќи редовни политичко-стратешки консултации, ангажмани за одржување на мирот, воена обука и вежби, соработка во областа на Заедничката безбедносна и одбранбена политика, сајбер безбедноста, одбранбените индустрии, агендата за жените, мирот и безбедноста, како дел од областите на кои што можеме да работиме во иднина.

Tags: Марија Хелена КареирасНАТОСлавјанка Петровска
Next Post

Шукова: Скопската пречистителна станица веќе требаше да почне да се гради, се чека Градот Скопје да си ги заврши обврските

НАЈНОВО

Кузеска: Состојбата е алармантна, над 11.000 фирми не исплатиле плати, владата има 900 милиони евра неисплатени обврски

August 21, 2025

(ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

August 21, 2025
фото:Х

Кинеската и руската морнарица во заедничка поморска патрола во западен Пацифик

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МНОГУ ПАРИ МАЛКУ МУЗИКА: Политичката мапа и финансирањето на политичките партии во пресрет на локалните избори 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk