ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Шукова: Скопската пречистителна станица веќе требаше да почне да се гради, се чека Градот Скопје да си ги заврши обврските

September 11, 2023 13:13
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА СТРАНА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Скопје веќе требаше да започне, рокот е веќе изминат, но за да се случи ова, Градот Скопје треба да си ги исполни своите обврски, вели во интервју за Мета.мк министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова .

„Треба да се завршат уште две активности за да може да почне изградбата на пречистителната станица. Тоа се експропријација на земјиште и урбано планирање и двете треба да ги заврши Градот Скопје“, објаснува министерката Шукова.

Министерството за животна средина и просторно планирање во моментов нема директна комуникација со Градот Скопје, туку само преку работната група.

„Јас веќе апелирав Градот и „Водовод и канализација“ да бидат малку поактивни во процесот, бидејќи овие две активности се услов за Министерството да добие дозвола од банките да уплати авансен износ кон „Водовод“, а од таму кон изведувачот на проектот“, вели министерката Каја Шукова.

Таа се надева дека Градот Скопје овие обврски ќе ги заврши што побрзо за да може да почне изградбата на скопската пречистителна станица.

„Нема да дозволиме процесот да застане, а уште помалку да пропадне. Ќе почекаме уште еден или два месеци и ќе видиме што понатаму. Се работи за проект вреден 200 милиони евра, од кои 70 милиони се грант“, децидна е министерката Шукова.

Инаку, тендерската постапка за изградба на пречистителната станица за отпадни води веќе е завршена и беше избран најповолен изведувач, на којшто му следеше караница меѓу партијата ВМРО-ДПМНЕ и скопската градоначалничка Данела Арсовска за обиди за местење на тендерот при изборот на изведувач. Беше сменет и директор на ЈП „Водовод и канализација“ што беше кадар на ВМРО-ДПМНЕ, по што оваа партија ја откажа и поддршката за скопската градоначалничка.

Тендерот за изградба на скопската пречистителна станица беше отпочнат во летото 2020 година, а со одолговлекувањето на процедурите од страна на Градот Скопје, се одложува и почетокот на градежните работи на терен. Првичниот краен рок за завршување на изградбата на овој капитален објект беше 2026 година. За да помисли да постане земја-членка на ЕУ, С.Македонија ќе мора да изгради пречистителни станици за отпадни води во сите поголеми населени места.

Пречистителната станица за отпадни води во Скопје треба да се гради во близина на населбата Трубарево, а со неа ќе се овозможи примарен и секундарен третман на отпадните води од Скопје. Објектот ќе има капацитет да ги задоволи потребите на 540.000 жители. Третираната вода ќе има врвен квалитет, со што ќе се подобри и хемискиот и бактериолошкиот квалитет на речните води на Вардар.

Во моментов, фекалиите на жителите од главниот град се испуштаат како непречистени директно во реката Вардар, а помали пречистителни станици за отпадни води се изградени во Сарај за реката Треска и во Ново Село за реката Лепенец, преку кои треба да се врши третман на отпадните води од населените места кои гравитираат околу овие реки.

Министерката за животна средина Каја Шукова посочува дека Градот Скопје е една од четирите општини во земјава, за кои е обезбедена донација од 10 милиони евра за намалување на последиците од аерозагадување. Конкретно, скопската градска власт ќе добие средства за набавка на шест еколошки автобуси за јавниот превоз.

Tags: Каја Шуковапрочистителна станицаСкопје
Next Post

Сарацин: Да не се потценува временскиот период за донесување на уставните измени

Shortcut

Најново

Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации

November 28, 2026

Човечки мозочни клетки одгледани во лабораторија: Нова надеж за истражување на мозокот

November 28, 2026
Африм Гаши

Африм Гаши повикан на одговорност за блокираните законски измени за заштита на жените

November 27, 2026
Марш пртиво фемицидот во Скопје

Марш против фемицидот во Скопје: Шест барања до институциите со рок до 10 декември

November 26, 2026

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мила Кунис (Wikipedia)

    Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сите сакаат да владеат со светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk