ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Албанија новата учебна година почна за 450 илјади ученици од предуниверзитетското образование

September 11, 2023 12:10
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Во Албанија денеска почна новата 2023/2024 учебна година за околу 450 илјади ученици од предуниверзитетското образование, што споредено со последните шест години е за околу 57 илјади ученици помалку.

-Околу 70 илјади припаѓаат на градинките, околу 100 илјади се средношколци и 280 илјади основци. За првпат во училишните клупи седнаа околу 29 илјади деца што е приближно на истото ниво со минатата учебна година, јави Топ чанел.

Во воспитно образовниот процес вклучени се 31 илјада просветни работници, додека наставата се одвива во 1700 училишта низ државата.

Според Министерството за образование, учебната година ќе заврши на 14 јуни. Двенеделен одмор ќе има во декември, а за првпат се воведува и пролетен 7-дневен одмор, во првата недела од април.

Исто така, во текот на оваа учебна година ќе се гарантира поголема безбедност и заштита преку проектот „Безбедност во училиштето“, за да се спречи каква било опасност што може да им се појави на учениците а за што соодветна обука е спроведена за полициски службеници.

Шефот на државата, Бајрам Бегај, преку порака на социјалните мрежи на учениците и наставниците, но и на родителите им посака успех во нова учебна година.

-Успех во новата учебна година за секој ученик, наставник и родител во Албанија, а особено за сите оние ученици кои првпат седнуваат во ученичка клупа. Вашиот труд и посветеност денес ја градат утрешнината на Албанија, стои во неговата порака.

Среќен почеток и успех преку социјалните мрежи посака и министерката за образование во заминува Евис Куши, како и лидери на политички партии.

Tags: АлбанијаУчебна годинаученици
Next Post

Бугарија се надева на членство во Шенген до крајот на годината: Погледот на Софија насочен кон изборите во Холандија

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk