ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ-Сарацин: Пред нас е клучен период во пристапните преговори со ЕУ, не треба да се губи време и оваа шанса

September 12, 2023 14:02
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА

Клучен период во пристапните преговори со Европската унија е пред нас, не треба да се губи време и оваа шанса, било истакнато на денешната средба на вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ со специјалниот претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин.

Како што информираат од СЕП на средбата било разговарано за пристапните преговори, уставните измени, реформите и извесноста на европската перспектива за регионот.

-Докажаниот пријател на Северна Македонија и наш поддржувач за напредокот кон ЕУ, Мануел Сарацин на состанокот јасно укажа дека членството во ЕУ е извесно и дека не треба да се губи време и оваа шанса. Во таа насока Сарацин додаде дека активна е дебата во Европската Унија за идното проширување, која треба во следните месеци да даде конкретен план и временска рамка, и порача дека треба брзо да движиме кога станува збор за следниот чекор во процесот на преговорите и фаќање на брзата лента, со земјите кандидатки кои веќе преговараат, се наведува во соопштението од СЕП.

Вицепремиерот Маричиќ истакнал дека Владата е целосно посветена на задржување на Северна Македонија на европскиот пат, посочувајќи дека како држава имаме направено многу кога е во прашање патот кон ЕУ, но и дека клучниот период допрва доаѓа.

– Како Влада фокусот го држиме на успешно завршување на обврските и ново приближување кон ЕУ, со цел да направиме уште повеќе во делот на реформи и со поголема брзина да влеземе во клучните години за европеизацијата на македонското општество, потенцирал Маричиќ.

На средбата уште еднаш било потврдено дека Сојузна Република Германија останува посветена на европската перспектива на регионот и дека нејзината заложба е да останеме активни во пристапниот процес и без понатамошни компликации и одолговлекувања, ефикасно да ги завршиме преговорите со ЕУ.

Вицепремиерот Маричиќ се заблагодарил што Германија е наш политички и економски партнер, како и сојузник во исполнувањето на реформската агенда и на стратешките цели.

Tags: Бојан МаричиќЕУМануел Сарацин
Next Post

Автопатот Солун- Атина ќе остане затворен уште најмалку два дена

НАЈНОВО

Косово со зголемен пораст на самоубиства, организации бараат поголема поддршка за маргинализираните групи

August 20, 2025

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk