Обединетите нации соопштија дека одгледувањето на кока во Колумбија минатата година достигна рекордно ниво.
Новите податоци ги објави Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал, која соопшти дека минатата година речиси 230.000 хектари земјоделско земјиште во Колумбија биле засадени со кока, што е за 13 отсто зголемување во однос на претходната година.
Јужноамериканската земја е најголемиот светски извозник на кокаин, и обезбедува 90 проценти од кокаинот што се продава секоја година во САД.
Владата на Колумбија вчера соопшти дека површините засадени со кока се зголемуваат со побавно темпо отколку во претходните години. Властите се надеваат дека новите програми кои обезбедуваат поголеми економски стимулации за земјоделците да одгледуваат легални култури ќе помогнат да се намали производството на кокаин во наредните години.