Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денеска изјави дека е важно парламентарните избори да се одржат на начин што нема да ја загрози стабилноста на државата.
„Ова го подвлече претседателот на Србија, Александар Вучиќ. А одлуката ќе биде донесена по неговите утрешни разговори (во Брисел, како дел од дијалогот меѓу Белград и Приштина) и по неговото учество во ОН“, рече Брнабиќ. одговарајќи на новинарско прашање за цената на парламентарните избори. Таа напомена дека не знае колку чинат вонредните избори, но дека за неа никогаш не се прашање пари, бидејќи изборите се најголемата демократска вредност и принцип.
„Српската напредна странка никогаш не бегала од избори. Често сме критикувани дека секогаш сме подготвени за избори и дека секогаш одиме на вонредни парламентарни избори“, рече Брнабиќ.