ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Инвеститорски ден на Берзата, склучени 207 трансакции, промет од 595 илјади евра во БЕСТ системот

September 13, 2023 20:23
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

На Инвеститорскиот ден што се одржа денеска на Македонската Берза се склучени вкупно 207 трансакции што претставува најголем број склучени трансакции во еден ден на тргување годинава. Вториот најголем број на трансакции на дневно ниво оваа година изнесува 139 трансакции, додека просечниот дневен број на трансакции е 47.

Од Берзата соопштија дека вкупниот промет од тргување во БЕСТ системот со акции денеска надминал 595 илјади евра, односно изнесува околу 37 милиони денари, што е за 2,3 пати повеќе во споредба со просечниот дневен промет во БЕСТ оваа година. -Дополнително, денеска во БЕСТ системот членките на Берзата внеле вкупно 336 налози за тргување, што исто така претставува најголем број на внесени налози во берзанскиот систем за тргување во 2023 година.

На Инвеститорскиот ден на Македонската берза, што се одржува четврта година,  сите домашни физички лица имаа можност да тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без да ги платат провизиите кон Берзата, Централниот депозитар на хартии од вредност и овластените пазарни учесници (банки и брокерски куќи), во износ на остварен промет до 10.000 евра.

Иницијативата „Инвеститорски ден“ и оваа година ја прифатиле и активно се вклучиле сите десет членки на Берзата (Еурохаус, Илирика Инвестментс, Иново Брокер, Инвестброкер, Комерцијална банка, НЛБ Банка, Стопанска банка Скопје, ТТК Банка, Фершпед брокер и Шпаркасе Банка Скопје) и Централниот депозитар за хартии од вредност, а истата доби поддршка и од Комисијата за хартии од вредност.

Tags: берзаинвеститорски ден
Next Post
Фото: МОН

Директорите од основните училишта со ресурсни центри на средба во МОН

НАЈНОВО

Фото: ЕПА/МИА

Калас: Русија се обидува да ги блокира спроведувањето на санкциите од САД со план за Украина

November 21, 2025

Зеленски: „Украина е пред најтешкиот избор – достоинство или губење на клучен партнер“

November 21, 2025

УНИЦЕФ: Од почетокот на прекинот на огнот во Газа убиени се 67 деца

November 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Дуа Липа снимена во бикини покрај базен во Рио де Жанеиро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Персоналот на Меган Маркл мора да ја најавува со целата титула кога влегува во просторија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Која е Фатима Бош, новата Мис Универзум што ја разниша сцената?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обилни дождови ја погодија Грција: Поплави и големи штети на Крф и во Јанина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да се случи за пожарникарите го добијат тоа што одамна им следува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk