Иако одамна ги напуштија кралските должности, Меган Маркл и понатаму се држи до протоколите. Како што пишува Page Six, персоналот на војвотката од Сасекс ја најавува со целата титула пред да влезе во просторија – дури и кога има само двајца присутни.
Писателката Кејтлин Гриниџ во интервју за Harper’s Bazaar опиша средба со Меган во приватен дом во Њујорк, каде „домаќинот гласно објавил: ‘Meghan, Duchess of Sussex’“, иако биле само тие две во куќата. Слична сцена, вели таа, се повторила и при посетата на музејот La Brea Tar Pits во Лос Анџелес, каде Меган пристигнала на состанок со ученички од STEM програма.
Иако Хари и Меган се повлекоа од кралските обврски во 2020 година, семејството и понатаму ги задржува титулите. Маркл неодамна за People изјави дека името „Сасекс“ за неа има длабоко лично значење, бидејќи го дели со сопругот и нивните деца – Арчи и Лилибет.
„Тоа е дел од нашата семејна приказна и ми значи многу“, рече таа, додавајќи дека очекува децата да бидат уште повеќе заинтересирани за нивното потекло како ќе растат.







































































































