ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

НАСА утре ќе објави големо соопштение за неидентификувани аномални феномени

September 13, 2023 22:04
in TECH FRONT, ДЕНЕС, СВЕТ
Скриншот на познатото набљудување на НАФ Фото: Министерството за одбрана на САД

Скриншот на познатото набљудување на НАФ Фото: Министерството за одбрана на САД

Share on FacebookShare on Twitter

НАСА е на пат да ги открие наодите од главниот извештај за НЛО, или „неидентификувани аномални феномени“ (НАФ), пренесува IFLSCIENCE.

Брифингот ќе се одржи утре во 16 часот, во седиштето на агенцијата во Вашингтон. Преносот во живо ќе биде достапен во видеото подолу.

Наодите се дело на независна студиска група изнајмена од НАСА во 2022 година. Групата брои 16 научни, аеронаутички и експерти за податоци, предводени од астрофизичарот Дејвид Спергел.

Според зборовите на НАСА, студиската група има за цел „да ги испита НАФ од научна перспектива и да создаде патоказ за тоа како да ги користиме податоците и алатките на науката за да го придвижиме нашето разбирање за НАФ“.

Околу 30 минути пред брифингот, НАСА ќе го објави целосниот извештај на тимот на интернет.

„Во согласност со принципите на НАСА за отвореност, транспарентност и научен интегритет, извештајот ќе биде споделен со јавноста. Сите податоци на НАСА се достапни на јавноста – ние сериозно ја сфаќаме таа обврска – и извештајот ќе биде лесно достапен за секој да го види или проучува“, рече во изјавата Даниел Еванс, помошник-заменик администратор за истражување во Дирекцијата за научна мисија на НАСА минатата година кога беше објавена студијата.

Набљудувањата на НАФ некогаш беа домен на теоретичарите на заговор и научната фантастика, но тие повторно беа запалени со обновено чувство на легитимност по голем број набљудувања од висок профил од страна на американската војска, кои беа објавени во јавноста.

Заканите за националната безбедност се главната причина поради која американските власти почнуваат сериозно да ги сфаќаат НАФ бидејќи е можно некои набљудувања да се експериментални авиони кои се тестираат од странскиот непријател како Русија или Кина.

Вонземски живот е исто така друга можност. Сепак, иако НАСА има отворен ум за сите евентуални можности, не треба да очекуваме бомбастични докази за вонземјани кои ја посетуваат Земјата од соопштението кое ќе излезе оваа недела.

Наместо тоа, во извештајот најверојатно ќе се наведат некои нови протоколи кои ќе и помогнат на агенцијата да собере податоци за набљудувањата на НАФ во иднина.

„[Извештајот] има за цел да ја информира НАСА за тоа кои можни податоци би можеле да се соберат во иднина за да се расветли природата и потеклото на НАФ. Извештајот не е преглед или проценка на претходни неидентификувани набљудувања“, се вели во кусата изјава на НАСА за соопштението.

„Во моментов има ограничен број висококвалитетни набљудувања на НАФ, што го оневозможува донесувањето цврсти научни заклучоци за нивната природа“, додава агенцијата.

М. П. 

Tags: НАСАНЛО
Next Post

Најавено ново замрзнување на цените, Бектеши на состанок со претставници на супермаркетите

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk