ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вицепремиерот Маричиќ во еднодневна посета на Атина, ќе се сретне и со Герапетритис

September 13, 2023 08:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска е во еднодневна официјална посета на Атина, Република Грција, каде ќе учествува на меѓународната конференција, организирана од грчката фондација за надворешна и европска политика ЕЛИАМЕП на тема „Перспективите за пристапување кон ЕУ на Западен Балкан во контекст на руската агресивна војна против Украина“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, пред официјалниот почеток на конференцијата, вицепремиерот Маричиќ ќе оствари средба со грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, кој со свое обраќање ќе го отвори настанот.

Маричиќ ќе учествува на панелот насловен „Нов моментум за проширување: Како може Западен Балкан не ја пропушти можноста?“, а негови соговорници ќе бидат Мирослав Гачевиќ, помошник министер, Сектор за политички и економски критериуми во процесот на пристапување во Европската унија, Република Србија Одета Барбулуши, советник на премиерот и национален Координатор за регионална економска област, Република Албанија, Јована Маровиќ, поранешен вицепремиер и министер за Европски прашања, Република Црна Гора и Срѓан Мајсторовиќ, Центар за европска политика (ЦЕП), Република Србија, а под модераторство на Симонида Кацарска, директорка на Институт за европска политика (ЕПИ).

Овој еднодневен настан содржи серија панели посветени на различни теми и на едно место ќе собери голем број владини претставници и експерти од земјите од Западен Балкан и од ЕУ, вклучувајќи ја секако и Република Грција, кои ќе разменуваат мислења за актуелните предизвици и перспективи за проширување на ЕУ, во сенка на руската воена агресија врз Украина.

Настанот е дел од мрежата на активности што грчкиот водечки тинк-тенк во областа на надворешната политика, ЕЛИАМЕП, ги развива во рамките на овогодишниот собир на Граѓанско општество и тинк-тенк форум (CSF), кој ќе се одржи во октомври во Тирана, во рамките на Берлинскиот процес.

Tags: атинаБојан Маричиќ
Next Post

Османи во Брисел на средба со Столтенберг

НАЈНОВО

Фото: МИА

Експлозија на неидентификуван објект во близина на границата на Полска со Украина

August 20, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка, вели Трамп

August 20, 2025

САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk