fbpx
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • АКЦЕНТИ
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • АКЦЕНТИ
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Бисера Костадиновска-Стојчевска на средба со Берта де Санкристобал: За да се зачува престижниот статус на Охридскиот регион, двете пријателски земји треба заеднички да се фокусираат во реализирање на препораките и обврските

September 17, 2023 13:36
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска за време на нејзината посета во Ријад, вчера оствари средба со Шефот на Одделот за Европа и Северна Америка во Центарот за Светско наследство на УНЕСКО, Берта де Санкристобал.

Од македонската делегација на работниот состанок учествуваа и министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова и директорот на Управата за заштита и културно наследство, Зоран Павлов, а меѓу присутните беа и Бесиана Кадаре, амбасадор, постојан делегат на Република Албанија во УНЕСКО и претставници од советодавните тела на УНЕСКО ИКОМОС и ИУЦН.

Костадиновска-Стојчевска истакна дека се дискутираше за понатамошните чекори кои ќе следат во однос на обврските кои ги имаат Република Северна Македонија и Република Албанија, по уважување на позитивната одлука на Комитетот за Светско наследство, на 45-тата сесија во Ријад, дека Охридскиот регион останува на Листата на Светско културно и природно наследство со исклучителна универзална вредност.

Таа додаде дека на средбата беше констатирано дека, за да се зачува престижниот статус двете пријателски земји треба заеднички да се фокусираат во реализирање на препораките и обврските, бидејќи подеднакво ја споделуваат и одговорноста за Охридското Езеро. А воедно, споделувајќи ги и природните убавини на овој исклучително уникатен регион со богато културно и археолошко наследство.

Шефот на Одделот за Европа и Северна Америка во Центарот за Светско наследство на УНЕСКО, Берта де Санкристобал ја потенцираше како особено значајна претстојната Реактивна мониторинг мисија на Центарот за Светско наследство на УНЕСКО и на советодавните тела, која што треба да се случи на почетокот на наредната година. Мисијата ќе биде во однос на имплементирање на посочените препораки и мерки за рехабилитација на Регионот.

Присутните соговорници на работната средба взаемно се согласија дека, после доставувањето на заедничкиот извештај на почетокот на годинава, експертските тимови и понатаму ќе продолжат интензивно и координирано да работат и да делуваат во насока на детектирање и справување со факторите кои имаат негативно влијание врз природните особености и вредности кои го красат Регионот.

Tags: Бисера Костадиновска СтојчевскаОхридРијадУНЕСКО

НАЈНОВО

Интервју на Фронтлајн со Стефан Богоев. Фото: Ангел Ангеловски

Богоев: Сериозен фокус ставаме на борба против корупција

September 30, 2023

Бесими: Очекуваме поголем интерес од банките и институциите за зелената обврзница, за граѓаните нова граѓанска во октомври

September 30, 2023

Николовски: Лозарите се задоволни од откупната цена, дополнителните субвенции ќе ги добијат пред „Св. Трифун“

September 30, 2023

НАЈЧИТАНО

  • Интервју на Фронтлајн со Стефан Богоев. Фото: Ангел Ангеловски

    (ВИДЕО) Интервју со Богоев: Со „боди камери“ и ПИ мерки Царината влегува во борба против шверцот, криминалот и корупцијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Милошески: Дафина е еталон за вмровското лицемерие, лажниот патриотизам и среброљубството

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Скопје одбележан Денот на Бошњаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Заев после средбата со Ковачевски: Мораме да осигураме просперитет за македонските граѓани и извесна иднина за нашата држава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аналитичари: Средбата Ковачевски – Заев, може да има само бенефит за СДСМ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk