Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вечерва во интервју за ТВ21 порача дека претседателските и парламентарните избори се предмет на дискусија.
Според него, има поделени мислења околу тоа дали треба заедно или посебно да бидат овие избори.
„Ова е прашање за кое дискутираме дали ќе одиме на претседателски избори сега со парламентарните избори но тоа е прашање што треба да се дискутира од сите политички партии, има поделени мислења, некои мислат дека заедно треба да бидат, други мислат дека треба да има претседателски избори па после да одиме на парламентарни избори. Два месеци има разлика. Ова е прашање што се дебатира и прашање за кое нема поларизација туку има конструктивна дебата“, порача Ахмети.
Извор: ТВ21