Министерот за надворешни работи Бујар Османи, му одговори на Изет Меџит, по обвинувањата дека тој наводно се сретнал со Никола Груевски во Будимпешта за да разговараат за измени на Кривичниот законик.
„Еднаш рекоа дека Али Ахмети го сретнал, па рекоа – не, Артан Груби го сретнал, сега го имам сретнато! Можеби ќе погодат со четвртиот пат“, вели во својот одговор Османи.
За истото и во ист стил, пред неколку дена и градоначалникот на Куманово, Максим Димитревски го обвини првиот вицепремиер на Владата Артан Груби. Тврдењата на Димитревски ги демантира самиот Никола Груевски.
Инаку, Меџити денеска од својот профил на фејсбук го праша Османи: дали беше во службена или приватна посета во Будимпешта кога се сретна со Никола Груевски?