ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЦУК: Изгаснати вчерашните 19 пожари

September 18, 2023 11:15
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА

Изгаснати се сите 19 пожари што беа регистрирани во текот на вчерашниот ден, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во гаснењето учествуваа противпожарните тимови на институциите од Системот за управување со кризи (СУК).

Изгаснатите 19 пожари на отворен простор, од кои шест се догаснати рано утрово, биле во: Општина Аеродром, 3, кај гробиштата во населбата Ново Лисиче (каде што горела ниска вегетација), кај село Горно Лисиче (ниска вегетација) и покрај ул. „Вардарска“ (ниска вегетација), Општина Студеничани, 1, село Осинчани (ниска вегетација и нискостеблеста шума), Општина Гази Баба: 1 село Идризово (ниска вегетација, ѓубре и нискостеблеста шума), Општина Сарај, 2 село Рашче (отпадоци) и кај езеро Треска (отпадоци), Општина Могила, 2, село Беранци (ниска вегетација и стрниште) и село Чарлија (ниска вегетација), Општина Тетово, 1, село Ѓермо (депонија), Општина Теарце, 1, село Глоџи (депонија), Општина Прилеп, 2, село Ерековци (ниска  вегетација и стрниште) и кај Кај фабрика Донија (ниска вегетација) – Општина Охрид, 1, село Буково (депонија), Општина Дебарца, 1, с.Песочани (ниска вегетација); – Општина Струга, 2, с.Ново Село (ниска вегетација и стрниште) и кај село Белица (ниска вегетација), Општина Струмица: 1 село Свидовица (ниска вегетација), Општина Желино, 1, село Добарце (депонија) и во Општина Куманово, 1, село Долно Којнаре (каде што горела ниска вегетација и отпадоци).

-Регионалниот ЦУК Битола извести дека при пожарот во атарот с.Беранци, во Општина Могила, каде што гореле нискостеблеста вегетација и стрништа, пругата била оштетена на повеќе места. Информацијата е добиена од ТППЕ-Битола и веднаш дежурните од ЦУК ги информирале СВР-Битола и надлежните од „Железници на Република Северна Македонија транспорт АД – Скопје“. По брзата проверка на железничката пруга, од вчера попладне од 17.42 часот железничкиот сообраќај е во прекин на делницата помеѓу Битола и Прилеп, а патничкиот воз 643 е на станицата во Прилеп и не сообраќа. ЦУК примил известување „ЖРС Македонија транспорт АД – Скопје“ дека другиот железнички (патнички и товарен) сообраќај се одвива нормално, наведува ЦУК.

ЦУК воедно информира и дека преку Единствениот број за итни случаи 112 и Секторот за операции и координација, во соработка со институциите од државно и од локално ниво, ги следи и координира активностите за гаснење на пожарите на отворено, како и решавањето на другите пријавени итни случаи во државта.

Tags: МКДпожариЦУК
Next Post

Албански медиуми: Се бара вклучување на САД во бриселскиот дијалог; можни дополнителни мерки за Косово; во Албанија продолжува мега- операцијата „Темпули“

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk