Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави можност изборите што ги бара опозицијата да бидат распишани до 31 декември и да се одржат на 4 март 2024 година или една недела порано, јави дописникот на МИА од Белград.
-Подготвен сум во согласност со тоа што го напишаа и побараа, да одржиме избори до март, изјави Вучиќ на ТВ Пинк, алудирајќи на барањето на претставниците на опозицијата за одржување на предвремени парламентарни и избори за градот Белград, доставени до него на 11 септември.
Зборувајќи за барањето на опозицијата, во кое се споменува распишување избори до крајот на годината, Вучиќ за претставниците на опозицијата рече дека се „неписмени“ и дека размислувале за нешто друго, односно за одржување избори до крајот на годината, додавјќи дека и тоа ќе го земе предвид, па соодветно на тоа ќе им „излезе во пресрет“.
– Еве ќе ги распишеме до крајот (на годината), на 31 декември за 4 март. Мислам дека тоа се 60 дена. Ако не, тогаш една недела порано, кажа Вучиќ.
Тој порача и дека е против враќање на ценсузот од сегашните три на на пет проценти и дека е добро сите „помали“ (партии) бидат застапени во собранието.
Вучиќ, коментирајќи ги пишувањата во медиумите дека Александар Вулин наскоро ќе биде сменет од функцијата директор на Безбедносно-информативната агенција (БИА), изјави дека Вулин „најверојатно немаше да биде на чело на БИА доколку не се заканија дека тој не смее да биде” на тоа место.
Според него, на Вулин му е „продолжен животот“.
-Можеби и планирав да го заменам, но сега не можам… Еве го Вулин. Му го продолжија мандатот, рече Вучиќ во гостувањето на ТВ Пинк.
Тој најави и додатни 16 намирници кои ќе поевтинат до крајот на годината.