ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на собраниска седница

September 19, 2023 09:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието денеска треба да ја почне 126. пленарна седница на која на дневен ред, меѓудругите, се и Предлог на одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите и измените и дополнувањата на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година, по скратена постапка. За 13:00 часот е закажано продолжение на 120. седница, на која се очекува пратениците да гласаат за закони за коишто е веќе завршена расправата.

На предложениот дневен ред се законите за ратификација на Спогодбата помеѓу Советот на министри на Босна и Херцеговина, Владата на Република Бугарија, Владата на Република Хрватска, Владата на Унгарија, Владата на Република Северна Македонија, Владата на Црна Гора, Владата на Република Србија, Владата на Словачката Република и Владата на Република Словенија за соработка и координација на потрагата и спасувањето во областа на воздухопловството, на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Романија за зајакнување на соработката во областа на внатрешната контрола и спречување и борба против корупцијата и на Протоколот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Швајцарскиот Федерален Совет за изменување на Спогодбата од 14 април 2000 година помеѓу Македонската Влада и Швајцарскиот Федерален Совет за одбегнување на двојното оданочување по однос на данокот на доход и данокот на капитал.

Пратениците треба да одлучуваат и за Предлог-одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, за одлуката за изменување и дополнување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, како и за Предлог на одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите.

На дневен ред на седницата се и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка, Предлог на закон за адвокатурата, Предлог на закон за дополнување на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за семејство, сите во второ читање, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, по скратена постапка.  На оваа седница се и неколку автентични толкувања.

Во рамки на продолжението на 120. седница закажана за 13.00 часот се очекува да е гласа за закони за кои е завршена општата расправа. Меѓудругите, на дневен ред на оваа седница се и Предлог на закон за данокот на солидарност, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка, трите по скратена постапка. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: 126седницаСобрание
Next Post

Владата ќе носи одлука за поевтинување на над 50 прехранбени производи

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk