ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Владата ќе носи одлука за поевтинување на над 50 прехранбени производи

September 19, 2023 09:10
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата денеска на седница треба да донесе одлука со која ќе се намалат цените на над 50 прехранбени производи за најмалку 10 проценти. Референтна цена за намалувањето на цените за 10 проценти е 1 август, а одлуката ќе биде во сила до крајот на ноември годинава. Производите опфатени со одлуката во маркетите ќе бидат означени со гарантирана цена.

Многу повеќе од 50 производи се, околу 25 категории. На листата се речиси сите прехранбени производи, од пекарската, млечната, месната индустрија, а има и вид на наполитанки кои се продаваат во државава. Генерално  листата е преземена од Државниот завод за статистика согласно со нивните методологии за утврдување на инфлацијата и на производите се трошат повеќе, рече министерот за економија Крешник Бектеши.

Со одлуката на Владата ќе има обврски за трговците на мало и на големо, како и за домашните производители.

Во договор со стопанските комори и сите чинители во секторот трговија во маркетите производите што ќе бидат опфатени со владината одлука ќе бидат означени со „гарантирана цена“. Секој потрошувач кога ќе оди во супермаркет ќе има можност да види ознака со која ќе биде наведена гарантирана цена и ќе се знае дека нема да поскапува до 30 ноември.

Министерот за економија ги повика производителите и диструбутерите кои не се на листата доброволно да се пријават за намалување на цените, со што нивните производи ќе имаат ознака „гарантирана цена“.

Со одлуката за забрана за акции што е во сила од викендов, според министерот, ќе се спречи преку ознаката за гарантирана цена да се подметнат производи од магацините од кои трговците сакаат да се ослободат.

Сите производи кои согласно денешната владина одлука ќе поевтинат за 10 проценти, ќе може да се ставаат и на „акциски“ продажби во маркетите, но по цени пониски од веќе намалените. Доколку, пак, „акцијата“ е поради рокот на траење на производите, тоа ќе мора да биде јасно наведено – дека намалувањето на цената е поради истекот на рокот на производот.

За подобра заштита на потрошувачите, Министерството за економија изготви ново законско решение за нефер трговски практики, кое содржи одредени механизми за казнување и злоупотреба во делот на формирање цени Предлог законот за нефер трговски практики ќе биде поднесен во Собранието со европско знаменце. Исто така, ќе се зголемат и надлежностите на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

Владата подготвува нов антикризни мерки од кои, според најавите, дел би стартувале од ноември, а во фокус ќе бидат ранливите категории граѓани.  Финансиите се предвидени во владината Одлука за прераспределба на средства од Буџетот, која е ставена во предложениот дневен ред на 126. седница на Собранието што е најавена за денеска. За деветтиот пакет антикризни мерки се предвидени 4,55 милијарди денари.

Tags: Владаодлукацени
Next Post

Пронајдени се остатоците од американскиот авион Ф-35, по кој се трагаше од неделата

Shortcut

Најново

Амб. на Украина, Лариса Дир

Лариса Дир: Кремљ ги претвора студот и темнината во оружје против Украинците

October 30, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Фотографија: Unsplash

Украдени милијарди од Binance: Замрзнати 2,7 милијарди долари, напаѓачот задржал уште 2,4 милијарди

October 30, 2026

Израел: Преброени над 95% од гласовите, Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk