Над 1.200 деца починале од сипаници и неухранетост од мај во бегалските кампови во Судан, соопштија ОН.
Тие предупредија дека десетици илјади ќе бидат „на работ на смртта“ до крајот на годината во земјата разурната од војна.
-Повеќе од 1.200 деца бегалци до пет години починаа во девет кампови во периодот од 15 мај до 14 септември, рече Ален Мајна, шеф за јавно здравство во Агенцијата за бегалци на ОН.
Ова, како што додаде, се должи на комбинација на сомнителна појава на сипаници и висока неухранетост.