Од Секторот за комуникации на СДСМ Прилеп, објавија дека актуелниот градоначалник на Прилеп Борче Јовчески, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, не ги исполнил ветувањата дадени пред граѓаните.
„700 дена лаги на Борче Јовчески и ДПМНЕ. Нема кружни текови; Нема монтажни катни гаражи; Нема пониски сметки за вода; Нема субвенции за клима уреди; Нема нови спортски игралишта; Нема затворен пливачки базен; Нема нови градинки, постоечките незнаат да ги стават во функција; Нема младински центар“, се наведува во објавата од СДСМ Прилеп.