ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Од бунтовник до Премиер

September 20, 2023 10:28
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Овој текст не е производ на моите психолошки феномени, ниту е производ на некаква шашава политичка позадина, туку вистинските мотиви за овој текст се чисто човечки и пријателски. Да, погодувате, овој текст ќе биде „омаж за Заев“, оној струмичанец кој граѓаните ги гледаше „од високо“ само за да ги подигне нагоре, а не за да ги спушти уште подолу и потцени, или не дај боже на некаков начин ги провреди.

И овој текст не пледира да биде за оние вистини кои сите на памет ги знаеме. Не, сега ќе ви признам една лична инвектива: со Заев, сега веќе бивш премиер, лично сум се видел… чекај да видам… ммм, се присеќавам и бројам: еднаш, два, три, четири, пет пати. И тоа е сè. Што значи, од 2010 година, па сè додека не си замина од политика, јануари 2022 година, со Заев сум се видел „цели“ пат пати. Значи, за 11 години сме се виделе пет пати. Првите три пати беа кога беше тешка опозиција, последните два пати откако стана премиер и кога си замина. Помеѓу премиерствувањето и заминувањето, никогаш лично не сме си виделе, секогаш тоа беше дел од некоја конференција или дел од некаква поширока група, а во јавноста бев препознат како „најгрлатиот заевист“, небаре се гледаме секоја ден и сме најблиски пријатели и соработници. И, што сме разговарале во тие „фамозни пет средби“? За идеи, за вредности, знам дека нешто го „напињав“ околу Жижек – тој словенечки филозоф, го терав да го чита, па разговаравме за капиларната поставеност на СДСМ на локално ниво… Во суштина, сите видувања со Заев, никогаш не сум разговарал за себе од типот, аха, чекај сега, сакам ова, сакам она, сакам пратеник, сакам директор, сакам, сакам, сакам… Или ги знаете оние приказни, „јас сум се борел против режимот, брате“, та дрн, та sврц (бре што ги мразам сите тие излитени приказни). Јок, море! За себе ништо не сум барал: прво, не можам никому да шефувам – немам желба за такви керефеки, а за бизнис не сакам ниту да чујам – глупости од типот на „влезни“ и „излезни“ фактури, такви шашми се претешки за мојата „нежна душа“.

Имено, со Заев секогаш сум разговарал за помошта кон другите луѓе, за феномените, за појавите, за борбата, за будaлштините на режимот на Груевски… Го красеше некаква неверојатна пристојност која беше премногу човечка. Така нетипична за политичар, или можеби сите ние низ годините се навикнавме на тие препредени мангупи, што кај Заев такви својства немаше, па некако ти изгледаше како некој човек сличен на тебе, како сосема обичен и нормален. За Заев никогаш не сум размислувал – откако го реши тој историски спор со Грција и нè внесе во НАТО – не само дека еден ден ќе го запознам, туку не сум размислувал ниту дека еден ден ќе ми биде пријател.

А Заев на сите им беше пријател. Да ви кажам сега нешто за пријателството, а тоа нема врска со Заев, а можеби сепак и има. Суштината на пријателството не е во низата од години, во јубилеите, во функциите и одвратните позиции – суштината на пријателството е во разговорот. Таму кај што нема разговор, нема ништо, а најмалку пријателство. Тоа кај Заев го имаше премногу. Самиот велеше дека дневно разговара со илјадници луѓе. Мене, некако, тие работи ми беа нереални, ама таков беше Заев – со сите да разговара, со сите да дебатира, на сите да им помага.

Покрај тоа што беше неверојатно храбар, на моменти лудачки храбар, Зоран Заев е единствениот политичар во земјава што е гласан со срце и душа на локалните избори во 2017 година. Гласан е масовно од цела земја: вмроовци, сдсмовци, либерали, конзервативци, леви, десни, централни… Заев е гласан со неверојатна волја на овој народ и на овие граѓани.

„Само непрекината размена на идеи преку разговор ги соединува граѓаните во полисот“, нè учеше Аристотел. И мислам дека Заев ќе остане таков засекогаш. Аристотеловиот принцип на пријателството, „philia“, му беше клучна политичка категорија. Не пријателството како дел од интимата во која еден пријател на друг си го отвoраат срцето, туку пријателство кое се однесува на светот во кој живееме.

Кај нас сосема поинаку се разбира пријателството: лични исповеди, пијанчења и пеења по кафани. Не, пријателството е сет на идеи за светот во кој живееме. И затоа, ми се чини, Заев има многу најдобри пријатели. Да го земеме само концептот „Едно општество за сите“? Па, таква утописки идеја немала ниедна политичка Влада во историјата на оваа земја. Ваквата идеја е жива и денес: пријателство, идеја, цел… Нема никаква потреба од срдечност, дури и ако почнеш да интимизираш, тоа може да се протолкува и како слабост, може да се протолкува и како себичност, па дури и ако сакате открива некој патолошки невкус.

Денеска, верувам, бројот на пријатели на Заев се зголемува. Ама многу луѓе не ја разбраа идејата за пријателството, па почнаа да влегуваат во констернација и разочараност. Да не заборавиме уште еден неверојатен феномен: Заев е единствениот политичар кој после резултатот од локалните избори во 2021 година, сам си замина од сите позиции, претседателската на СДСМ и премиерската функција. Сам, без притоа да бара апанажа која законски му следи. Не да бара, туку самиот ја отфрли апанажата која можеби само тој ја заслужи од сите неранимајковци кои и денес ја користат а не работат апсолутно ништо.

Не верувам дека Заев го следел Бакуњин, Штирнер, Кропоткин, Карл Шмит. Не верувам ниту дека го читал Џон Стујарт Мил и Едмунд Берк. Не верувам ниту дека ги разработувал класичните либерали и конзервативните идеи на едно место. Заев едноставно е човек со неверојатна интуиција, човечност и беспрекорен тајминг во просторот и времето. Тоа што нему му успеа, не му успеа на ниеден политичар во земјата. Реши тридецениски спор со Грција, нè внесе во НАТО. Ни даде образец, пат и цел: на нас останува сега што ќе направиме.

Зоран Заев, од бунтовник до премиер. Ма, едноставно беше побрз од сите! Едноставно мнозинството не можеше да го стигне, затоа влезе и во историја. И нè направи горди и признати во цела Европа. Вие ако имате друг Заев, слободно! Мене овој денешниот ми е сосема доволен. А ќе се појави ли некој друг таков, сличен, ист? Можеби, за едно 50 или 100 години, на толкава временска дистанца излегуваат таквите. Бидејќи се родени во страдање и болка. Спознанието, вредноста и идејата не се раѓаат од изобилие, туку преку болка и страдање. Кој тоа не го знае, не го знае ниту нашиот бунтовник и премиер. Нашиот Зоки.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Зоран ЗаевНЕНАД ЈОВАНОВИЌ

НАЈНОВО

Инзаги утре ќе одлучи каде ќе ја продолжи тренерската кариера

June 2, 2025

Зошто појадокот е најважен оброк?

June 2, 2025

Нова рунда преговори Белград-Приштина во Брисел

June 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ: Правеле зграда каде што била предвидена улица, хаос со дивоградбите во Чаир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додека лавчињата се касаат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Мицкоски му било жал што Арсовска добивалa закани по живот, таа вели – ми спуштаат на 192 кога ќе се претставам кој се јавува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Данела, Чаир и медиумскиот смут во улога на заштитник на политичко – урбаниот криминал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) СБУ тврди дека руското военовоздухопловство претпело штета од седум милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk