ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Средба Османи-Ескобар во Њујорк: Американска поддршка за европската агенда на Северна Македонија

September 20, 2023 10:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан, во рамки на 78-то заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации, во Њујорк, на која, како што информираат од МНР, било разговарано за актуелните политички случувања во земјава и регионот, како и потребата од забрзување на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан, што претставува значајно безбедносно прашање.

Османи, се вели во соопштението од неговиот кабинет, се заблагодарил за континуираната и недвосмислена американска поддршка на нашиот пат кон ЕУ, како и за поддршката за спроведувањето на реформите во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата.

На средбата стана збор и за заложбите за зајакнување на билатералните односи и надградба на соработката во рамки на Стратешкиот дијалог.

– Активностите во рамки на стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД се одвиваат со предвидената динамика и веќе се видливи резултатите од нивната реализација. Билатералните односи се издигнати на повисоко ниво, стратешкото партнерство е зајакнато, а воедно нотиран е и напредок во домашната реформска агенда и демократскиот развој, се вели во соопштението.

Соговорниците, исто така, ја реафирмирале поддршката за Украина во справувањето со предизвиците од руската воена агресија, притоа нагласувајќи го силното сојузништво во рамки на НАТО Алијансата. Воедно, беа поздравени нашите претседавања со ОБСЕ, САД – Јадранската Повелба и Процесот за соработка во Југоисточна Европа, што е показател за значајната улогата на Северна Македонија на меѓународната сцена, особено во контекст на глобалните безбедносни предизвици.

Tags: Бујар ОсманиГабриел Ескобарсредба
Next Post
фото: Кабинет на Претседателот

Пендаровски во Њујорк на работна средба со Борел и лидерите од регионот

НАЈНОВО

Foto: Wikimedia Commons

Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

August 18, 2025
Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

August 18, 2025

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk