-Буџетот за филм е зголемен во време на актуелната министерка за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска, призна продуцентот Тони Салковски за “Аргумент Плус” на Телевизија 24.
Во дебатната емисија тој и се заблагодари на министерката за култура што се изборила за поголем буџет за македонски филмови. Имено, според официјалните податоци, буџетот за филм во 2023 година изнесува 200 милиони, споредбено со претходната 2022 кога тој изнесувал само 170 милиони.
Со ова се демантираа шпекулациите кои се појавија изминатиов период во јавноста дека Министертсвото за култура со предложениот ребаланс прави сериозни кратења на средствата наменети за филм преку Агенцијата за филм, што се рефлектира на филмската уметност во земјава.