ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Ранливите категории на граѓани остануваат во фокусот на работата на Министерството, се грижиме за сите

September 22, 2023 12:50
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска го најави министерскиот состанок, четврти по ред по усвојувањето на „Декларацијата на партнерите од Западен Балкан за интеграција на Ромите во рамките на процесот на проширување на ЕУ“ – Познанска декларација, во организација на Министерството за труд и социјална политика.

Како што соопшти МТСП, на овој настан учествуваат министрите од земјите во регионот, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово. Целта е да се оцени напредокот постигнат во изминатите 12 месеци, во однос на инклузијата на Ромите во општеството, да се идентификуваат преостанатите предизвици и да се разговара за конкретни чекори на кои што треба да се даде приоритет во наредната година.

– Концептот едно општество за сите е концепт кој што е приоритет на оваа Влада, и во делот на инклузијата на Ромите во општеството навистина сме држава која што во рамките на Западен Балкан дури и пошироко имаме одлични резултати со години наназад. Вклученоста на Ромите во процесот на образование, вработувањето, а со тоа и економското зајакнување за што сме лидери во регионот, работиме и на домувањето како важно прашање за ромите една од најранливите категории на граѓани, истакна Тренчевска во утринската програма на МРТВ 1.

Министерката се осврна и на темата со пензионерите и потенцира дека пензионерите и квалитетот на нивниот живот е нивен приоритет.

– Сите политики и мерки изминатиот период се во насока на обезбедување на достоинствен живот за нашата највозрасна популација. За тоа потврдува растот за 24 отсто на пензиите за нецели две години, вклучување во антикризни мерки, воспоставување на социјални услуги-помош и нега во домот на стари лица, посочо министерката за труд и социјална политика.

Тренчевска информираше дека работната група продолжува да работи на конкретни краткорочни решенија, како антикризни- социјални мерки и измени на законот за пензиско осигурување за одредување на повисока минимална пензија.

На тема попреченост, министерката посочи дека ниту едно дете нема изгубено никакво право, доколку се процени дека навистина треба тоа право да го добие и дополнителна социјална услуга.

– Целта е секое дете со попреченост покрај материјалните права, да добие и бесплатна социјална услуга, од логопед, дефектолог, дневен центар, личен и образовен асистент. Во фокусот на функционалната проценка на децата со попреченост се потребите на децата. Не се поставува дијагноза туку се гледа како децата да станат пофункционални и да се интегрираат во општеството, изјави Тренчевска.

Tags: Јована Тренчевскаранливи категории
Next Post

Њујорк тајмс: Обвинет за терористичките напади на 11 септември прогласен за неподобен за судење

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk