ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Иванов: Како тргнале од ВМРО-ДПМНЕ, верувам дека секој за секого има по некое УСБ

September 26, 2023 13:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Зоран Иванов. Фото: Б. Јордановска / Цивил

Зоран Иванов. Фото: Б. Јордановска / Цивил

Share on FacebookShare on Twitter

Новинарот Зоран Иванов, за превирањата во ВМРО-ДПМНЕ – „сапуницата“ меѓу експремиерот Никола Груевски и актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и најновата „УСБ епизода“, посочува дека полемиката и постапките не се ништо ново за „карактерот“ на ВМРО-ДПМНЕ.

Во изјава за „Локално“, Иванов вели дека на отворената арена истрчаа сите досегашни нејзини претседатели. Сепак, според него, „треба да почекаме дали ќе дојде до финалето или сепак ќе си замолкнат се од страв некому од нив да не му се испушти па да почне да го отплеткува криминалното клопче за време на своите владеења па опашки да се влечат на сите страни“.

Тоа е нашата македонска судбина да имаме водачи кои не дотуркаа дотука. Како тргнале верувам дека секој за секого има по некое УСБ, нагласува Иванов.

Тој не смета дека Груевски работи за актуелната Влада, со цел гласање на уставните измени. Исто така не смета дека поранешниот шеф на Владата има моќ и би убедувал пратеници да гласаат за промена на Уставот.

„Во политиката, посебно во оваа наша примитивна балканска и македонска, личните интереси и привилегии се примарни. Еве и сега со блокадата на уставните промени како услов за ЕУ патот до интеграција, инаетот, суетата, рејтингот, се поважни од државата како инаетчиите да живеат во друга држава. Како оваа да не е нивна. Ако воопшто работи (Груевски) нешто со некои структури во власта, тој работи исклучиво за себе, ниту за владата ниту за државата. Впрочем, видовме што, како и за кого работеше цела една декада“, наведува Иванов.

Новинарот жали што политичката слика во моментов во земјава е таква каква што е. Порачува дека граѓаните сега можат да се уверат кој сè тоа бил и è во политиката и за кого сечеле вени.

„Кога на анкети се изјаснуваат дека Македонија е „на погрешен пат“ значи не на патот за ЕУ туку на патот на изолација и криминал, на патот кој исклучува сè освен гола борба за власт, читај државниот буџет, нека согледаат кој тоа наместо кон ЕУ, се обидува да го заврти развојното кормило, да ја пренасочи државата на друг колосек па нека ценат, идат избори“, вели Иванов.

Само на воајерите. На молчеливите комформисти, во сите наши општестсвени и социјални слоеви дел од нив нафатирани по разни основи. Молкот на интелигенцијата е погубно за сите останати, воопшто за иднината на земјата.

За тоа на кого најмногу му одговараат обвинувањата, Иванов тврди – на воајерите.

„На молчеливите комформисти, во сите наши општестсвени и социјални слоеви дел од нив нафатирани по разни основи. Молкот на интелигенцијата е погубно за сите останати, воопшто за иднината на земјата, дообјаснува Зоран Иванов во својата анализа на ситуацијата.

 

Tags: ВМРО-ДПМНЕЗОРАН ИВАНОВУСБ
Next Post

Демант од МВР: Ковачки шири невистини, неселективно се постапува за сите кршења на законот, без оглед кој е сторителот

НАЈНОВО

Герасимовски: Центар што го сакаме е победнички и во сигурни раце

November 2, 2025
Фото: МИА

Во Кочани кандидатот на ВМРО–ДПМНЕ Владко Грозданов, прогласи победа

November 2, 2025

(ВИДЕО) Мицкоски: Ова е победа на напатениот народ, неговите соништа за кои се бориме, неговите надежи и нашата заедничка татковина

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk