ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Соработката меѓу државите е неопходна во развивањето на кризниот менаџмент – Петровска и Шарец на панел дискусија посветена на оваа значајна област

September 26, 2023 14:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Министерство за одбрана

Фото: Министерство за одбрана

Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, заедно со словенечкиот министер за одбрана Марјан Шарец кој престојува во официјална посета на Северна Македонија денеска учествуваа на панел – дискусија на тема „Научени лекции, споделени искуства и идни предизвици на кризниот менаџмент и цивилната заштита: Словенија и Северна Македонија“. Свои излагања на панел-дискусијата имаа и првиот министер за одбрана, професорот Трајан Гоцески и доц. др. Весна Попоска.

На панел-дискусијата, министерката Петровска порача дека неопходно е во овој сегмент да учиме едни од други и да работиме и живееме едни со други, затоа што природните катастрофи стануваат се посурови, а адаптацијата е сè потешка.

„Пред две години, во екот на летните пожари, Словенија испрати 16 противпожарни возила и 46 пожарникари кои имаа клучна улога во справувањето со заканата и кои спречија загуба на човечки животи и материјална штета. Пред само неколку месеци, ние и бевме потребни на Словенија во справувањето со поплавите и нашата армија беше тука за словенечките граѓани, докажувајќи дека во справувањето со катастрофи нема мали и големи и земји, туку само големи луѓе и сериозни институции кои се поддржуваат едни со други секогаш кога е тоа потребно бидејќи само заедно, може да чекориме рамо до рамо напред низ животот и случувањата“, истакна Петровска

Министерката порача дека неопходно е националните механизми за кризен менаџмент и цивилна заштита постојано да се оценуваат и надградуваат за да можат да одговорат на потребите на граѓаните.

„Министерството за одбрана поведе иницијатива и е во фаза на мапирање на слабостите и изнаоѓање на решенија кои се соодветни, реални, економични и ефикасни и во догледно време штом заврши процесот на евалуација, до Владата ќе предложи реформа на системот за кризен менаџмент и цивилна заштита, согласно НАТО стандардите.  Во тој процес, примерот на Словенија ни е исклучително важен и извесно е дека тој би бил еден од прифатливите модели кои ќе ни послужат како рамковна политика“, порача Петровска.

На панелот министерот Шарец ги презентираше искуствата од поплавите кои ја зафатија Словенија во август и искрено и се заблагодари на министерката Петровска за сета важна поддршка што Република Северна Македонија и ја пружи на Словенија во овие тешки и неизвесни моменти.

Шарец го образложи словенечкиот модел на организација на кризниот менаџмент и порача дека државите мора да соработуваат едни со други бидејќи ниту една земја не може самостојно да се носи со овие предизвици. Заедно можеме сè, рече Шарец, и додаде дека Северна Македонија може секогаш да смета на Словенија за соработка во оваа област.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: панел дискусијаПетровскасоработкатаШарец
Next Post

Вучиќ со амбасадорита на Квинта: Побарав КФОР да се грижи за безбедноста на северно Косово

НАЈНОВО

Намален бројот на барања за азил во ЕУ, Германија повеќе не е главна дестинација

September 8, 2025

Летонија нареди 841 руски државјанин да ја напуштат земјата

September 8, 2025

Петмина повредени во сообраќајка на патот Мавровска крстосница – Гостивар

September 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петмина повредени во сообраќајка на патот Мавровска крстосница – Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Атанасовски за Сител: Очекувам победа на Герасимовски во Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската хибридна војна против Европа (1): Европа конечно признава дека е нападната

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија со вмро е како проститутка на масажа во салонот на Мевосекот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk