ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Промовирана првата Британска бизнис асоцијација во земјава

September 27, 2023 17:29
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Првата Британска бизнис асоцијација (ББА) во државава, организација чија цел е унапредување на трговските врски со Обединетото Кралство, застапување на интересите на британските компании во земјава и останати компании кои имаат британски бизнис интереси, денеска беше промовирана во Амбасадата на Велика Британија во Скопје. Основачи на Асоцијацијата се компаниите Џонсон Мети и Сопро и рудникот САСА.

Фото: Д. Мишев / ЦивилМедиа

-Северна Македонија е најголемиот трговски партнер на Обединетото Кралство во Западен Балкан. Го цениме ова партнерство и ќе продолжиме да ја надградуваме оваа успешна приказна и да ги зајакнуваме нашите трговски врски. Како силен партнер и близок пријател заинтересирани сме и подготвени да бидеме ваш претпочитан трговски и инвестициски партнер преку нашите индустриски способности, инвестициски екосистем и владина поддршка. Британските бизниси застапуваат транспарентност, одржливост, иновација, соработка и партнерство, а токму целта на ББА е да ги промовира овие вредности во рамките на македонското деловно опкружување во тесна соработка со сите чинители, рече британскиот амбасадор Метју Лосон на промоцијата на Асоцијацијата.

Нагласи дека формирањето на ББА е пресвртница во одбележувањето на, како што рече, силните трговски односи меѓу двете земји во годината кога се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи.

Фото: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Тој додаде дека од потпишувањето на договорот за партнерство, трговија и соработка меѓу двете земји на 3 декември 2020 година Амбасадата ги разгледува можностите за идно поддржување на растот на трговските односи.

-Северна Македонија е најголемиот трговски партнер на Обединетото Кралство на Западен Балкан, најмногу благодарение на присуството на фабриката за катализатори Џонсон Мети, која сочинува околу 16% од БДП на земјата. Искрено сум задоволен што претставниците на компанијата се дел од основачите на оваа Асоцијација, покрај рудникот Саса и Сопро. Доказ за тоа колку ги цениме нашите партнерства во Западен Балкан – и веруваме во неговата развојна стратегија – е фактот што Министерството за гарантирање на извозните кредити на Обединетото Кралство, Агенцијата за кредитирање на извозот на Обединетото Кралство, неодамна значително ги зголеми ограничувањата за земјите со што компаниите кои имаат пристап до 4 милијарди фунти помош кои се однесуваат само на Северна Македонија, рече претставникот за трговски врски со Западен Балкан, Мартин Викерс и додаде дека во нивниот фокус е инфраструктурата, енергијата, рударството, одржливиот развој, здравството, безбедноста и одбраната.

Викерс истакна дека Обединетото Кралство е светски лидер во многу сектори и дека се подготвени да го поддржат натамошното проширување на комерцијалните односи меѓу британските и македонските компании.

Во одговор на прашањето на новинарката на ЦивилМедиа Викерс посочи дека има и други британски компании заинтересирани за инвестиции во земјава и додаде дека ќе ги охрабри да дојдат и да инвестираат.

Извор: Цивил Медиа

Next Post

ЕУ сака да ги забрани „вечните хемикалии“, фармацевтите тврдат дека за три години нема да има лекови

НАЈНОВО

Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

Мицкоски до гласачите на СДСМ: Заокружете го бројот 9 за да почне катарза во вашата партија

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk