ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

МФ: Издадени првите структурни обврзници – ги помагаме општините да се справат со финансиските предизвици

September 29, 2023 18:42
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за финансии денеска ги издаде првите структурни обврзници наменети за општините Желино, Тетово и Виница, а со кои се обезбедува средства со кои на општините им се овозможува да ги намират доспеаните обврски и да ги зајакнат своите финансиски капацитети. Издавањето на структурните обврзници е дел од предвидената реформа за унапредување на фискалната децентрализација и дел од пошироката реформа во управувањето со јавните финансии.

Структурните обврзници се хартии од вредност што Министерството за финансии ги издава на општините со кои се дава поддршка на општините за да ги подмират досепаните, а неплатени обврски кон доверителите. Се издаваат на 10 години и им овозможува да ги репрограмираат обврските и дава основа општините да ги консолидираат своите буџети и да можат да се фокусираат на својот развој. Износот за издадените обврзници ќе го враќаат во 10-годишни еднакви рати. Од друга страна, Структурните обврзници кои ќе бидат издадени на доверители, истите ќе може да ги користат за подмирување на обврски кон Управата за јавни приходи. Исто така, со нив ќе може да се тргува на секундарниот пазар на Берзата.

„Ова е значајна поддршка за општините, која е дел од реформата насочена кон обезбедување повеќе средства за локалните власти, преку зголемените приходи на општините од наплатените даноци од страна на централната власт, но исто е и во насока на зголемување на отчетноста и транспарентноста. Сето тоа е во насока на нивна финансиска стабилност и обезбедување квалитетни услуги, бидејќи тие се надлежни за области како што се образование, социјална заштита, животна средина, комунални услуги и слично“, рече министерот за финансии Фатмир Бесими, кој додаде дека целата реформа ги засилува локалните самоуправи и истовремено ги обврзува на поголема фискална дисциплина, отчетност и транспарентно работење.

Покрај структурната обврзница, која е предвидена со измени на Законот за финансирање на локалните самоуправи, на општините им стојат на располагање и други инструменти, како условен кредит исто така од Министерството за финансии и општинска обврзница за познат купувач – Министерството за финансии, а се е со цел зајакнување на нивната финансиска стабилност.

Структурните обврзници за кои Министерството за финансии денеска го објави проспектот, се во вкупен износ од 275 милиони денари, од кои од 250,2 милиони денари за Тетово, 21,7 милиони денари за Желино и 2,5 милиони денари за Виница.

Општините согласно Законот за финансирање на единиците на локалните самоуправи имаа можност да искористат структурна обврзница за обврските доспеани заклучно со 30 септември 2021 година.

Дополнително покрај овие инструменти општините дополнително се поддржани преку зголемување на трансферите од централниот буџет кон општините по основ на данок на личен доход од 3% на 6% и ДДВ од 4,5% на 6%.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: МФструктурни обврзници

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Маск повторно го отвори прашањето за формирање на трета политичка партија во САД

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk