ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Косово уапсен Србин осомничен за воени злосторства во 1998 година во Призрен

September 29, 2023 19:35
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Фото: МИА архива

Фото: МИА архива

Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека денеска е уапсен етнички Србин осомничен за воени злосторства во последната војна во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Уапсениот М.П. се сомничи дека учествувал во убиството на тројца цивили од албанска националност во Призрен во 1998 година.

По наредба на обвинителот на случајот, на осомничениот му е одредена мерка притвор, со цел во законски предвидениот рок да биде изведен пред судија во претходна постапка.

– Специјалното обвинителство на Република Косово информира дека по интензивна истражна работа на косовската полиција, Управата за истрага на воени злосторства и по овластување на Специјалниот обвинител, е уапсен осомничениот со иницијали М.П., од српска националност, државјанин на Косово и на  Србија, поради постоење основно сомневање за сторено кривично дело „Воено злосторство против цивилното население“… Против истото лице е поднесена кривична пријава со сомнение дека во септември 1998 година во населбата „Хоќа Маало“ во Призрен учествувал во убиството на три цивилни лица од албанска националност, кои не биле вклучени во војната, се наведува во соопштението.

На 20-ти овој месец во северно Косово беа уапсени тројца етнички Срби, исто така обвинети за воени злосторства во војната во 1998-99 година. На тројцата им е одреден по 30-дневен притвор.

Извор: МИА

Tags: воени злосторстваКосовоСрбин
Next Post

Радоичиќ ја „презеде“ одговорноста за нападот во Бањска

НАЈНОВО

Косово со зголемен пораст на самоубиства, организации бараат поголема поддршка за маргинализираните групи

August 20, 2025

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk