ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Меѓународна истражувачка конференција на Народна банка: Геоекономската фрагментација може да го намали глобалното БДП до 12%

September 30, 2023 13:33
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фото: Народна банка

Фото: Народна банка

Share on FacebookShare on Twitter

Геоекономската фрагментација е глобален ризик кој може позначајно да се одрази на глобалните трговски и финансиски текови, а со тоа и врз економскиот раст, особено кај помалите и помалку развиени економии. Проценките за загубите од долгорочното ограничување на глобалните текови на добра, услуги, финансии и технологија се проценува од 0,2 до 12% од глобалното БДП, во зависност од претпоставките и сценаријата, беше посочено на деветта Меѓународна истражувачка конференција на Народна банка.

Долгорочно, беше посочено на конференцијата, само трговската фрагментација, односно поделбата на земји во блокови кои тргуваат само меѓусебе може да го намали годишниот БДП за 7% или 7 трилиони евра, односно колку БДП на Франција и Германија заедно. Ефектите ќе бидат поизразени за малите економии во развој, особено за земјите од Западен Балкан, каде глобализацијата делуваше како мотор на конвергенцијата на доходот, кој иако е удвоен во изминатите две децении, сеуште е 40% од ЕУ просекот. Оттаму, потребна е забрзана наместо забавена глобална интеграција поткрепена со засилено спроведување на структурните реформи, беше порачано на 9. Меѓународна истражувачка конференција во организација на Народната банка.

Во рамки на воведното обраќање, како што соопштија од НБ, гувернерката Ангеловска-Бежоска посочи дека „според одредени проценки деглобализацијата може да го намали глобалниот увоз за 30%, коешто особено неповолно би можело да се одрази на помалку развиените економии кои во поголема мера зависат од извозот и имаат поголема за потреба за надворешно финансирање на своите економии”.

На вториот и третиот панел од конференцијата, дискусијата продолжи во насока предизвиците кои ги носи геоекономската фрагментација во одделните сегменти, како и политиките за регионалната ЕУ перспектива во глобалното опкружување.

Панелот насловен „Отворена стратешка автономија, фрагментација и нејзиното значење за централното банкарство“, го модерираше поранешниот директор на Одделот на Европа на ММФ, Пол Томпсен, учествуваа раководителот за макроекономска анализа на Банката за меѓународни порамнувања, Беноа Мојон, гувернерот на централната банка на Литванија, Гедаминас Симкус, гувернерот на централната банка на Ерменија, Мартин Галштајн, Елина Рибакова од Петерсон Институтот и раководител од Европскиот механизам за стабилност, Џовани Калегари. На панелот беше посочено дека во новата реалност, геополитичките случувања имаат силно влијание врз трговските и финансиските текови. Геоекономската фрагментација носи голем број макроекономски ризици поврзани со синџирите на снабдување, финансиските пазари, економскиот развој и стабилноста. Геополитичката фрагментација носи предизвици и за централните банки, кои треба да бидат подготвени за позачестени шокови на страна на понудата, која може да  стане помалку еластична . Важно е, беше истакнато, да се работи на заштитните механизми, особено преку меѓународните финансиски институции.

На последниот панел на конференцијата, насловен „Панел на политики за регионалната ЕУ перспектива во новото глобално окружување“, модериран од Питер Санфеј, заменик директор на Европската банка за обнова и развој, а на којшто учество земаа министерот за финансии на Република Северна Македонија, Фатмир Бесими, гувернерот на централната банка на Албанија, Гент Сејко, заменик главниот економист на Директоратот за внатрешен пазар и индустрија на Европската комисија, Паоло Пасимени, раководителот на отсекот за економски студии во ЕИБ, Лорен Марин, Јулија Ворц од ОеНБ и Ранка Мињеновиќ, извршен директор на Центарот за европски политики.

На панелот, како што се наведува во информацијата од Народната банка, беше посочено значењето на доближување на Западниот Балкан до единствениот европски пазар, како и напредокот во изминатиот период од аспект на структурата на трговската размена, согласно што извозот на регионот кон ЕУ има повисок тренд на раст во однос на увозот. Новите трендови на селење на производствените капацитети поблиску до понудата, или пак во земји кои се политички и економски соработници, се шанса за забрзување на странските директни инвестиции во регионот на Западен Балкан.

Извор: МИА

Tags: БДПНародна банка
Next Post
ЕСМ. Фото: Фронтлајн

ЕСМ снабдување со топлина: Потрошувачите, заедниците на сопственици и управителите да проверат дали објектите се подготвени за грејната сезона 2023/2024

НАЈНОВО

Скриншот

Хегсет до шверцерите на дрога: Ќе ве ловиме и ќе ве убиваме

October 24, 2025

Прилепскиот основен суд ги отфрли жалбите и го потврди притворот за 6 лица за случајот со болницата

October 24, 2025
Скриншот

Рубио: Безбедносните сили во Појасот Газа ќе бидат составени од земји за кои Израел нема да има забелешки

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk