Во финалето на силниот турнир (W40) во Куршумлијска Бања, Србија, нашата Лина Ѓорческа извојува победа против хрватската тенисерка Антониа Ружиќ (6-3 ; 6-3) и ја освои титулата.
Колку беше силен овој турнир покажува фактот дека на него учествуваа дури 18 тенисерки коишто на светската ранг-листа биле во првите 200, а меѓу нив беа и Александра Круниќ (беше 39-та тенисерка во светот) и Романката Александра Игнатик (највисок ранг: 59-та на WTA листата).
Ѓорческа и во финалниот меч прикажа одлична игра, со многу самодоверба. Во двата последни натпревара на турнирот, полуфиналето и финалето, таа доминираше и изгуби вкупно само 10 гема.
Оваа титула на Ѓорческа и донесе нови поени на WTA листата и на Live WTA Ranking моментално се наоѓа на 186. место.
Ацо Лукароски