ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадиновска-Стојчевска: Драмски со „РУТА“ е уште еден мост за поврзување на регионот

October 4, 2023 10:57
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: Министерство за култура

Фото: Министерство за култура

Со домашна премиера, претстава на скопскиот Драмски театар, започна второто издание на регионалниот театарски фестивал „РУТА“ во земјава.

„Фирма“, по текст на реномираниот германски автор Роланд Шимелфенинг и во режија на Нела Витошевиќ, со одбрана актерска екипа, е првата претстава на фестивалот кој го поврзува театарскиот живот на регионот.

На отворањето на неколкудневниот тетарски празник во Скопје, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска ги поздрави актерите и гостите од сцената на Драмски, која, како што рече, буди посебна емоција, и додаде дека преку театарот, уметниците успеаја да го подигнат и да го одржат мостот наречен „РУТА“.

– Ви благодарам што давајќи дел од себе нè опоменувате и нè потсетувате на последиците од алчноста, од отуѓеноста, од кусогледоста, од непромисленоста. Нè потсетувате на повторливоста на смртоносните пандемии, на бавното ослободување на жената, на еволутивните слабости на човештвото.

Вашата улога, веројатно, најдобро ја опиша уникатниот режисер Јагош Марковиќ, кој, за жал, веќе не е меѓу нас: „Мораме да сведочиме. Мораме едни на други да кажеме – за да не помислиме дека сè е во ред“ – рече Костадиновска-Стојчевска.

Заблагодарувајќи се за гостувањето на сите ансамбли на ова издание на фестивалот „РУТА“, министерката Костадиновска-Стојчевска ги покани театрите од регионот со посебно внимание да се вклучат, преку „РУТА“, и во 2028 г., кога Скопје ќе биде европска престолнина на културата.

– Регионот му е потребен на Скопје. Скопје му е потребно на регионот – рече Костадиновска-Стојчевска.

Фестивалот продолжува со „Декамерон“ на Градско позориште од Подгорица во копродукција со Народно позориште од Ниш, на режисерот Пројковски и со „Нора“ на Местно гледалишче од Љубљана, Словенија, во режија на Нела Витошевиќ. Потоа следуваат: „Син“ на Камерни театар 55 од Сараево во режија на Дино Мустафиќ и „Самрак на боговите“ на Београдско драмско позориште во режија на неодамна починатиот режисер Јагош Марковиќ.

Со претставата „Отело“, пак, театарот Улисис од Хрватска го затвора фестивалот „РУТА“ в недела (8 октомври). Режијата е на украинската режисерка Оксана Дмитрова, а поделбата на улогите, освен на актерите на Улисис, е направена и со членовите на Сараевски ратни театар од Сараево.

Tags: Костадиновска СтојчевскаРУТА
Next Post

Милан Радоичиќ пуштен на слобода

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk