На стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид припадници на редовниот состав од Полициската станица од општа надлежност, на Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, како и од криминалистичката полиција денеска и утре спроведуваат вежбовни активности и гаѓање со боева муниција.
Активноста се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, Ловното друштво Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом“ Охрид и урбаната заедница „Билјанини извори“.
Пред почетокот на гаѓањето полициски екипи извршија теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето „Бејбунар“, со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони.
Се апелира до граѓаните кои се движат кон стрелиштето „Бејбунар“, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници.