ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

СБ: Македонска економија годинава со раст од 1,8 проценти и инфлација од 9,1 отсто

October 5, 2023 14:22
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

– Економскиот раст на Северна Македонија годинава ќе биде 1,8 отсто, во 2024 ќе изнесува 2,5, а во 2025 година ќе се зголеми на 2,9 проценти. Инфлацијата, пак, во 2023 ќе се задржи на ниво од 9,1 процент, за во наредната година да се намали на три, а во 2025 на два отсто, прогнозира Светска банка во најновиот извештај за економските показатели на земјите од Европа и Централна Азија.

СБ оценува дека среднорочните економски изгледи на земјава се позитивни, но остануваат ризиците.

– Растот во 2023 година се очекува скромно да се зголеми до 1,8 отсто, како одраз на забавувањето на надворешната побарувачка и постојаната криза на трошоците на живот, делумно неутрализирани од влијанието на изградбата на автопат. Растот се очекува умерено да се забрза на среден рок поради порастот на јавните инвестиции, закрепнатата потрошувачка и извоз. Се предвидува дека годишната инфлација ќе остане на ниво од 9,1 отсто во 2023 година, но долгорочно да се намалува до 2 отсто во 2025 година, се наведува во извештајот за земјава.

СБ забележува дека остануваат и натаму основните ризици кои во голема мера ќе зависат од економската состојба во земјите кои се најголеми трговски партнери и продолжувањето на процесот на пристапување во ЕУ, што може да ги забрза критичните реформи.

– Сепак, зголемената политичка неизвесност и продолжениот парламентарен ќор-сокак поради недостаток на консензус за уставни измени, како и претстојните избори може да ја одложат имплеметацијата на реформите. Конечно, политичките проблеми носат ризик и за фискалната одржливост и инфлацијата, што ќе бара дополнително монетарно затегнување, кое, пак, може дополнително да ги ограничи опциите за финансирање и да ја забави економската активност, оценува СБ.

Банката прогнозира дека целиот регион на Западен Балкан годинава ќе забележи раст од 2,5 проценти, за разлика од лани кога изнесуваше 3,2 отсто.

Највисок економски раст во 2023 година ќе има Црна Гора од 4,8 проценти, потоа Албанија 3,6 проценти, Косово 3,2 проценти, Хрватска 2,7 проценти, Босна и Херцеговина 2,2 проценти, Србија, 2 проценти и Бугарија 1,4 проценти.

Tags: прогнозаСветска БанкаСеверна Македонија
Next Post

Голоб: Решението за Косово се избори за легитимната власт, потоа за ЗСО

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk