Според анализата на Beyond Parallel, на сателитските снимки од железницата во севернокорејскиот град Туманганг, на границата со Русија, на 5 октомври, е забележан досега невиден број товарни вагони – околу 73. Постојат сомневања дека станува збор за пратки на оружје.
North Korea has dramatically increased the number of cargo shipments to Russia
The Beyond Parallel investigation analyzed satellite images of a railroad in the #NorthKorea city of Tumangang, on the border with #Russia. There, on October 5, 2023, an unprecedented number of… pic.twitter.com/5v1phvrOy3
— NEXTA (@nexta_tv) October 8, 2023
Клучни наоди
- Сателитските снимки на севернокорејскиот железнички објект Туманганг на границата со Русија, снимени на 5 октомври 2023 година, покажуваат невиден број товарни вагони – речиси околу 73 вагони.
- Нивото на железнички сообраќај е далеку поголемо од она што Beyond Parallel го забележал во објектот во текот на изминатите пет години, дури и во споредба со нивоата пред пандемијата на Ковид-19. Со оглед на тоа што Ким и Путин разговараа за некои воени размени и соработка на нивниот неодамнешен самит, драматичното зголемување на железничкиот сообраќај веројатно укажува на испорака на оружје и муниција од страна на Северна Кореја за Русија. Сепак, големата употреба на церади за покривање на транспортните гајби/контејнери и опрема оневозможува јасно да се идентификува она што се гледа во железничкиот објект Туманганг.
- Воените трансфери меѓу двете земји ќе прекршат повеќе резолуции на Советот за безбедност на ОН и ќе бидат предмет на дополнителни санкции од страна на САД и нивните сојузници.
- Како последица на самитот Ким-Путин, сателитските снимки од 5 октомври 2023 година, забележаа драматично и невидено ниво на товарен сообраќај со железнички вагони во севернокорејскиот железнички објект Туманганг, лоциран на границата меѓу Северна Кореја и Русија. Имајќи ја предвид вчерашната изјава на американски владин функционер дека Северна Кореја почнала да пренесува артилерија во Русија, веројатно е дека овие пратки се за поддршка на Русија во нејзината војна против Украина.
Посетата на Ким Џонг-ун на Русија се одржа минатиот месец од 12 до 17 септември. За време на неговото патување, тој се сретна со Путин во пристаништето Восточни, потоа ги посети производствените локации за воени авиони во Комсомолск-на-Амур, ги разгледа најновите руски воени авиони и хиперсонични ракетни системи, и ја посети руската Пацифичка флота во Владивосток.
Г. Т.