Македонската велосипедистка Дуња Иванова во категоријата МТБ маратон на Србија Епик Серии што за прв пат се одржа на Златибор, во конкуренција на повеќе од 100 учесници беше првопласирана во женска конкуренција.
Српскиот бренд за велосипедски натпревари Србија Епик Серии, за прв пат организираше маратон низ пределите во Златибор. И тоа во три натпреварувачки категории: планински велосипедизам, гравел и е- бајк. Имаше преку 100 учесници, мажи и жени. Во категоријата на МТБ маратонот со должина од 32 километри Иванова се пласира прва во женска конкуренција и 15та во вкупна (мажи и жени) од повеќе од педесетина возачи.
Дуња Иванова е македонски државен првак во сите велосипедски дисциплини во кои се натпреварувала последниве три сезони – планински и друмски велосипедизам, хронометар и вело крос.
Таа е првата натпреварувачка од Македонија која се пласира и учествуваше на Светското вело-првенство во Глазгов оваа година.
Ј. Ѓ.
Поврзано: