ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Концерт на камерниот ансамбл „Алтус“ во Филхармонија

October 9, 2023 09:29
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: Филхармонија

Фото: Филхармонија

Share on FacebookShare on Twitter

Камерниот ансамбл на Филхармонија – „Алтус“ вечерва со почеток во 19 часот ќе одржи концерт под диргентската палка на маестро Паскал Галоа од Франција. Камерниот ансамбл „Алтус“ во состав од Катарина Павлович – виолина, Гонца Богоромова Краповски – сопран, Елена Стојческа – флејта, Игор Иванов – кларинет, Паскал Краповски – виолончело, Маријана Николовска – пијано и Антоние Весковски – вибрафон, ќе изведе дела од А.Р. Томас, Ј. М. Стауд, П. Булез и дело на македонскиот композитор Панде Шахов.

Како уметник со многу таленти и мајстор на фагот, еден од најенигматичните дувачки инструменти, Паскал Галоа е солист, оркестарски музичар и професор кој остава печат и со својата работа како диригент. Неговата прва изведба на „Секвенца 7“ од Берио беше исклучително важен настан за неговата кариера, исто како и неговата изведба на „Дијалог на сенките“ од Пјер Булез и „Псалми“ на Волфганг Рим за кларинет и оркестар.

Галоа ги организира и т.н. Музички моменти заедно со своите пријатели, како за 85. роденден на Пјер Булез во Музејот на уметноста во Париз, или за 95. роденден на Анри Дутие во хотелот „Де Лаузун“. Тој ги снима и своите современици со исто толку голем ентузијазам, како што Пјер Булез, Лучано Берио и Олга Ноивирт.

Неговото мото како уметник е дека музиката како уметност заслужува подобро место во општеството. И токму поради тоа тој го води најголемиот конзерваториум во срцето на Париз. Во 2015 година, тој го формира и фестивалот во Киброн во кој се среќаваат класичната и модерната музика. Диригирањето во моментов е негова централна определба преку која ја искажува својата пасија кон музиката и неговата оригинална перспектива и гледање на современиот и на класичниот репертоар.

Концертот се реализира во соработка со Центарот за едукација и музика – ЦЕМ МКД и Францускиот институт Скопје.

Tags: Паскал ГалоаФилхармонија
Next Post

Од денеска на скопскиот аеродром три часа порано за чекирање на багажот

EVN

НАЈНОВО

Фото: МИА

Почнува Европското првенство во ракомет 2026, Македонија утре против Данска

January 15, 2026
Јане Ѓорѓиоски.

Секако дека ќе нè убедат дека и ова со визите на САД е успех

January 15, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

Принцот Хари оди во Лондон, Вилијам и Кејт ќе бидат во Шкотска

January 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Шпанското обвинителство отвори истрага за обвинувањата против Хулио Иглесијас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бојкотирачите тврдат дека Дацо Белски е претепан во Бугарија, во објавата се „послужиле“ и со текст од FRONTLINE.MK

    5 shares
    Share 5 Tweet 0
  • Режисерот и актер Тимоти Басфилд се предаде на полицијата во Ново Мексико по обвиненија за сексуално злоставување деца

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 14 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија меѓу 75 земји за кои САД ја суспендираат обработката на иселенички визи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk