ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Aлбанија членка на Советот за човекови права на ОН

October 11, 2023 12:40
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Албанија е избрана за членка на Советот за човекови права на ОН за периодот 2024-2026 година.

По гласањето, со 123 гласа „за“ во Генералното собрание на ОН, Албанија по вторпат станува членка на овој Совет.

Веста ја соопшти премиерот Еди Рама, наведувајќи дека Албанија презела уште една меѓународна улога.

– Албанија презема уште една меѓународна улога. Албанија е член на Советот за човекови права на ОН. Вчера, 123 земји-членки на Генералното собрание на ОН гласаа „за“ Албанија, како една од 15-те земји што ќе седнат во Советот за човекови права на ОН од 1 јануари 2024 година до 31 декември 2026 година, напиша Рама на Фејсбук.

Преку објава на социјалната мрежа Х реагираше и министерот за Европа и надворешни работи Игли Хасани, која ја оквалификува како големо достигнување на албанската политика и надворешната дипломатија.

– Уште една демонстрација на доверба од земјите-членки на ОН за улогата на Албанија во меѓународните прашања. Овојпат целосно посветена на заштитата и унапредувањето на човековите права секаде и за секого. Главната цел на Албанија, како членка на Советот за човекови права, ќе биде да работи во рамките на Советот и системот на Обединетите нации за да гарантира универзално почитување на човековите права и основните слободи за сите поединци без да дискриминира никого, напиша Хасани.

Тој додаде дека земјата тесно ќе соработува со другите земји-членки на ОН, претставници на граѓанското општество и сите партнери за спроведување на овие обврски.

Советот, кој е задолжен за одговорност за заштита и унапредување на човековите права на глобално ниво, се состои од 47 земји-членки избрани со тајно гласање со мнозинство од членовите на Генералното собрание.

Tags: АлбанијаСовет за човекови права на ОНчленка
Next Post

Косовската полиција опремена со дронови од САД

НАЈНОВО

Што е што во изборен контекст: Политички наратив и како функционира

August 9, 2025

(ВИДЕО) Скандал во Демир Хисар – Адвокатот Стеваноски: Еве како се менува доректорка на средно училиште пред распишување на избори

August 9, 2025
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Окупација во 45 слики

August 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Окупација во 45 слики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Халкидики се удави 75-годишна македонска државјанка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е „Сторм-1516“- групата за дезинформации поврзана со Кремљ која стои зад руските лажни наративи што ја преплавуваат Европа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Масев осуден на четири години затвор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk