Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Милан Радоичиќ, кого Обвинителството го товари за тешки кривични дела кои самиот ги признал, да ќе биде испитан од сите аспекти, вклучително и од каде се парите за оружје на црниот пазар, наведувајќи дека тој е не обвинител за да зборува за тоа, јави дописникот на МИА од Белград.
– Не би сакал да го бранам Радоичиќ бидејќи тој одговара пред нашите судски органи и допрва му престои обвинение, кога ќе се спроведе истрагата, а дали истрагата ќе се прошири или не, зависи од надлежните државни органи. Тие ќе ги утврдат сите овие факти, рече Вучиќ.
На новинарско прашање од каде ги добил Радоичиќ парите за куќата на езерото Газиводе и оружјето што беше конфискувано по конфликтот на северот на Косово, Вучиќ одговори:
– Нема да ви се допадне мојот одговор, многу повеќе пари имаат Драган Ѓилас и Мирослав Алексиќ, а Радоичиќ ги вложил парите во својата куќа на Косово и Метохија и не изнесуваше пари од Србија, како што тоа го прават многу лидери на поранешниот режим и опозицијата, кажа Вучиќ и додаде дека се води истрага, да тој не е обвинител и не е судија да донесува каква било пресуда, што би било незаконски.
Вучиќ кажа дека обвинителот го гони Радоичиќ за многу тешки кривични дела кои тој самиот ги признал.
– Самиот се призна, немаше потреба да слушнете некој друг, дојде човекот и рече „јас тоа го направив“ и се понуди себе си, рече Вучиќ и додаде дека истрагата ќе продолжи, а обвинението ќе биде поднесено.