Во петок во Струмица и Валандово ќе се организираат „Walk and Talk“ настани кои целат да ја подигнат свеста и да ја надминат стигмата поврзана со менталното здравје помеѓу младата популација.
Целта е да се охрабрат младите луѓе на возраст помеѓу 15-25 години отворено да разговараат за предизвиците за менталното здравје преку пристап заснован на активности прилагодени за оваа возраст.
Според концептот на проектот предвидено е креирање на мапа по која учесниците ќе се движат за време на настаните со 3 точки на застанување каде експерти за ментално здравје заедно со младите ќе разговараат за сите предизвици со кои тие се соочуваат.
Walk&Talk мапата за Струмица е достапна на следниот линк: https://t.ly/wh49O
Walk&Talk мапата за Валандово е достапна на следниот линк: https://t.ly/7LQni
Иницијативата „Walk & Talk“ ја спроведува Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во соработка со Сојузот на извидници, а со поддршка на локалната Канцеларија на УНИЦЕФ и Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Вакви настани ќе се организираат во 16 општини и во градот Скопје.