За два дена над 10 000 граѓани се пријавиле за бесплатна вакцинација против сезонски грип на страницата vakcinacija.mk, соопшти денеска Министерството за здравство.
Со бесплатна вакцинација ќе бидат опфатени ризичните групи: стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и лицата вработени во установи за социјална заштита на стари лица
-Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи, посочуваат од МЗ.
Оттаму претходно соопштија дека се набавени 60.000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип наменети за бесплатна вакцинација.
Вакцинацијата се планира да почне да се спроведува во втората половина на октомври.
Со пополнување на апликацијата граѓаните се регистрираат за вакцинација директно во системот Мој Термин.
Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку смс ќе добијат повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинирате.
Граѓаните, кои спаѓаат во ризичните групи може да го искажат својот интерес преку пополнување на апликацијата на следниот линк: https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu?fbclid=IwAR06BSDGCR0NaKR8bJrWJ-mw1sDpmHFpJ5mOPTmZPSqzyiG8CNDddsSMmeM