„Унгарија нема да дозволи никакви собири за поддршка на терористичките организации“, изјави утрово унгарскиот премиер Виктор Орбан на јавното радио, додавајќи дека сите унгарски граѓани треба да се чувствуваат безбедно, без разлика на нивната вера или потекло.
There will be NO pro-terror demonstrations in Hungary!
We will protect the people of Hungary.
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) October 13, 2023
– Шокантно е тоа што симпатизери на терористите одржуваат протести низ цела Европа, рече Орбан.. – Имаше обиди дури и во Унгарија. Но, нема да дозволиме собири на сочувство кои поддржуваат терористички организации бидејќи тоа би значело терористичка закана за унгарските граѓани“, додаде тој, алудирајќи на пропалестинските пртести што се одржуваат во светот.