Дворецот Версај во Париз е евакуиран поради дојава за поставена бомба, пренесува весникот „Фигаро“ повикувајќи се на полициски извори.
Се додава дека на веб-страницата moncommissariat.fr е добиена анонимна дојава, а дворецот ќе биде затворен до крајот на денот.
Претходно, музејот Лувр беше затворен поради безбедносни причини, бидејќи Франција е во состојба на готовност по нападот во североисточниот град Арас.
„Лувр доби писмена порака во која се наведува дека постои ризик за музејот и неговите посетители“, изјави портпаролката на Музејот по објавувањето на затворањето на социјалните мрежи.
Таа посочи дека одлучиле да го евакуираат Музејот и да го затворат цел ден, додека не се извршат потребните проверки.
Г. Т.