ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Камбовски: Текстот на новиот Кривичен законик е уреден, по последните забелешки ќе биде предаден на Министерството за правда на понатамошно постапување

October 17, 2023 14:40
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Работната група, во потесен состав, минатата недела на тридневна сесија, во техничка смисла го исчисти текстот на законот. Тој е уреден, во текот на оваа недела е доставен до целата работна група, вклучително и на Блупринт групата, да дадат свои забелешки на финалниот текст и тој после тоа ќе биде официјално предаден на Министерството за правда за понатамошно постапување, изјави академик Владо Камбоски, дел од работната група која го изработува новиот Кривичен законик.

Во изјава за медиуми пред настанот „Законот за амнестија и процесот на ресоцијализација и реинтеграција на претходно осудените лица во Република Северна Македонија“ што денеска го организираше Македонското пенолошко друштво, Камбовски не одговори конкретно дали намалувањето на казните согласно последните измени на Кривичниот законик остануваат и во новиот.

– Дали се истите или не, не можам да кажам во моментот, бидејќи таму се направени казнени рамки кои се усогласувани за повеќе дела. Во јавноста е најинтересен членот „злоупотребата на службената положба“ како едно дело. Точно е, постои тоа дело во главата на кривични дела против службената должност, но, постојат и редица други дела за злоупотреба на службената положба кои се во некои други глави. Да речеме, злоупотреба при незаконито вршење на претрес, присилба и така натаму, каде што, исто така, се пропишани соодветни казни, вели тој.

Како што дополни, настојуваат да дојде до усогласување казните предвидени за посебните дела на службените лица и злоупотребата на службена должност како едно општо, но и супсидијарно дело.

– Изречно е таму нагласено дека за злоупотреба на службена должност на службено или одговорно лице, треба да се гони ако не се исполнети обележјата на некое друго кривично дело. Ако некој некого незаконито лишил од слобода, нема да се гони за злоупотреба на службена должност, туку ќе се гони за тоа посебно дело. Тоа е тоа усогласување, дополни тој.

Во врска со прашањето дали треба да се изземе амнестијата по барање на претседателот на државата, тој одговори дека на тој дел работела посебна комисија во подготовка на Законот за помилување и нивниот став е дека прво треба да има правосилна пресуда, па потоа претседателот да одлучува.

– За тоа работеше посебна Комисија во подготовка на Законот за помилување и нивниот став е дека треба да биде завршена кривичната постапка со правосилна пресуда за потоа претседателот да реши. Бидејќи искуството ни покажа дека во рани фази помилувањето кое значеше аболиција од гонење на сторителот оставаше многу сомнежи. На крајот од краиштата, дури, да речеме од аспект на тоа лице кое е аболирано, останува сомнежот дека е аболиран како криминалец, рече тој.

Според академикот, како што рече „незгодна практика што ни се случи со поранешните случаи на помилување“ води кон овој, според него, исправен и разумен предлог.

– Нека падне правосилна пресуда, па потоа ќе се реши дали ќе има помилување со причини определени со закон, нагласи Камбовски.

Tags: владо камбовскиКривичен закониктекст
Next Post

Вело Марковски најави кандидатура за претстојните претседателски избори

НАЈНОВО

Анаис хороскоп

Викенд хороскоп со Анаис – 25 и 26 октомври

October 25, 2025
ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk