ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски – Шолц: Северна Македонија да го продолжи европскиот пат, имаме силно охрабрување и поддршка од Германија

October 17, 2023 09:12
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА

Реафирмирана силната поддршка од Германија за реализација на следниот чекор на зацртаниот пат кон пристапувањето во ЕУ – носењето на значајните одлуки кои ги имаме пред нас, била истакната на средбата на премиерот Димитар Ковачевски со канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц синоќа во рамки на неговото учество на Самитот на лидери на Берлински процес, што се одржува во Тирана, Албанија.

Како што соопшти владината прес – служба, на средбата што се одржа по завршувањето на вчерашните работни сесии на Самитот, на која присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ се разговараше за европската перспектива на Северна Македонија и актуелните случувања во регионот, при што премиерот Ковачевски го информираше канцеларот Шолц за политичките случувања во земјата врзани со пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија.

-Од германскиот канцелар Олаф Шолц и од СР Германија, Северна Македонија уште еднаш доби силно охрабрување и поддршка за реализација на следниот чекор на зацртаниот пат кон пристапувањето во ЕУ – носењето на значајните одлуки кои ги имаме пред нас. Напорите на Владата на Република Северна Македонија за продолжување на евроинтеграцискиот процес беа поздравени и препознаени како позитивен исчекор и напредок во исполнувањето на критериумите за пристапување. Исклучително е важно Северна Македонија да го продолжи европскиот пат и земјата да постигне консензус за стратешките прашања кои се од интерес на граѓаните, се наведува во соопштението.

Премиерот Ковачевски, се посочува, истакна дека не смееме да ја пропуштиме оваа неповторлива шанса која ја имаме, и треба да го дадеме нашиот глас за Европа. Потенцираше дека на Северна Македонија ѝ е потребна интеграција, а не изолација и дека гласот во парламентот за уставните измени е глас за европската иднина на Северна Македонија.

Соговорниците, се наведува понатаму, се согласија дека забрзувањето на интегративните процеси е во интерес на политичката, безбедносната и економската стабилност на целиот регион. Пристапувањето и крајно, членството во ЕУ значат економски и општествен развој, социјална правда, врвна демократија, функционално владеење на правото, како и севкупно подобрен животен стандард.

Премиерот Ковачевски изрази благодарност за досегашната принципиелна поддршка и посветеност од Германија како еден од нашите најблиски сојузници, како во процесот на пристапните преговори, така и преку Берлински процес како катализатор на регионалната соработка, чија цел е ги поврзе земјите од Западен Балкан и Европската Унија и да помогне да градат меѓусебни односи врз основа на европските вредности. Лидерите разговараа и за конкретните придобивки од Берлинскиот процес преку кој ќе се продолжи и со подигнување на нивото на политичка соработка, што за Северна Македонија и регионот претставува многу значаен елемент на патот кон евроинтеграциите.

Премиерот Ковачевски и канцеларот Шолц разговараа и за најважните аспекти на билатералната соработка на Германија и Северна Македонија. Германија останува еден од најпосветените партнери и држава која дава огромна поддршка на земјите од Западен Балкан за интеграција во ЕУ, стои во соопштението.

Tags: КовачевскиОлаф ШолцСамитот на лидери на Берлински процес
Next Post

Шефот на иранската дипломатија: Наскоро ќе биде преземена „превентивна акција“ против Израел

НАЈНОВО

Пуштени на слобода чилеанските навивачи по судирите во Буенос Аирес

August 23, 2025

Фон дер Лајен: ЕУ ќе издвои над четири милијарди евра за Украина

August 23, 2025
Фото: ВИ

По Вашингтон, Трамп најави распоредување на федералните сили и во Чикаго и Њујорк

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk