Генералниoт секретар на ОН денеска повика на итен прекин на огнот на Блискиот исток.
I call for an immediate humanitarian ceasefire in the Middle East to ease the epic human suffering.
Too many lives – and the fate of the entire region – hang in the balance.
— António Guterres (@antonioguterres) October 18, 2023
„Повикувам на итен хуманитарен прекин на огнот на Блискиот Исток за да се олесни големото човечко страдање“.
„Премногу животи – и судбината на целиот регион – висат на конец“.
Во порака на Х тој нагласи дека е „ужаснат“ од нападот врз болница во Газа во кој загинаа стотици луѓе.
Пред да полета за кинескиот главен град за да присуствува на форумот „Појас и пат“, Гутереш рече дека го повикал Хамас веднаш и безусловно да ги ослободи заложниците, а Израел да дозволи итен и неограничен пристап до хуманитарна помош до Газа.
Тој додаде дека нападот на Хамас врз Израел не може да го оправда колективното казнување на Палестинците.
I am horrified by the killing of hundreds of Palestinian civilians in a strike on a hospital in Gaza today, which I strongly condemn. My heart is with the families of the victims. Hospitals and medical personnel are protected under international humanitarian law.
— António Guterres (@antonioguterres) October 17, 2023
„Јас сум целосно свесен за длабоките поплаки на палестинскиот народ по 56 години окупација…. Но, колку и да се сериозни, тие не можат да ги оправдаат терористичките акти извршени од Хамас на 7 октомври. И овие напади не можат да го оправдаат колективното казнување на Палестинците“, рече шефот на ОН.