ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СОЗР: Цените во рестораните во државните институции се ниски бидејќи работиме со 15 отсто маржа и не се бориме за профит

October 18, 2023 16:03
in PMD, ДЕНЕС

Рестораните во државните институции кои се менаџирани од Службата за општи и заеднички работи работат на принцип на рамковни годишни набавки и маржа од 15 отсто, поради што цените се конкретни и се пониски од комерцијалните ресторани кои остваруваат профит и не фуцнкионираат со годишни јавни набавки, соопштија од СОЗР.

Од службата реагираа откако во јавноста се појавија натписи дека тие им овозможуваат богато и евтино мени на функционерите. СОЗР информира дека во рестораните во државните институции се опслужуваат стотици вработени, но и граѓани кои ги посетуваат институциите.

„Прашањето на разликата во цените во ресторани кои ги опслужуваат државните институции и цените во комерцијалните ресторани кои ги плаќаат граѓаните не е прашање на привилегија, туку е прашање на одговорно работење и практики кои ги употребува СОЗР преку кои што се држат трошоците на институциите под контрола“ велат од СОЗР.

Тие исто така додаваат дека за разлика од енормните трошоци и милионските суми кои ги трошеше владата на ВМРО ДПМНЕ во овој сегмент, сега преку овие воведени практики на одговорно работење, трошоците се сведени на минимум.

„Сите државни институции трошат разумно и своите потреби ги задоволуваат во рамки на државните ресторани што во крајна линија значи заштеда и одговорно менаџирање на буџетските средства“ велат од СОЗР.

Tags: државни институциирестораниСОЗР
Next Post

Гир: Компанијата Вивакс е уште еден пример за тоа како ЕУ помага да се направи промена овде во Северна Македонија

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk