Времето денеска во утринските часови во јужните делови ќе биде со локални врнежи од дожд. Во текот на денот ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје, информираат од УХМР, времето ќе биде променливо облачно, попладне со повеќе сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Од утре ќе преовладува променливо облачно и потопло време со сончеви периоди. Во петок и сабота ќе дува засилен југоисточен ветер, кој ќе предизвика значителен пораст на температурата. Во сабота попладне и во текот на ноќта кон недела, според УХМР, ќе има повремени врнежи од дожд.